Вторник, 31 Август 2010 08:06

Заради претераната посетеност од туристи и авантуристи во селото Трпејца на источниот брег од Охридското Езеро нема доволно место за паркинг.
Местото кое пред се скопјани и белграѓани го нарекуваат Македонско Сен Тропе во лето е полно со урбани луѓе кои во ова село се обидуваат да го доживеат ''вистинскиот '' Охрид.
Во екот на сезоната сите гледаат да заработат пари на разни начини, па и оваа стара бабичка го рента дворот од своето плевниче за тука да се паркираат возилата од гостите а таа да си го надополни семејниот буџет.