Вторник, 31 Август 2010 07:51

Првиот вмровски екологист Дејан Паноски и пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски прават кафе пауза во култната кафана Аквариус во Охрид.
Секогаш транспарентниот и кон медиумите пријателски настроен Дејан Паноски уживал во мало макијато, додека дистанцираниот и во медиумите формален Александар Николоски се сладел со нес кафе и чоколаден прелив.
Инаку последните десетина месеци младиот пратеник по слободна процена симна десетина килограми, а изминатите десетина месеци исто така тој одбива да даде интервју за Мегастар ваѓајќи се под разни изговори од тоа дека нема време, па се до тоа дека не давал интервјуа за локалнои медиуми.
Како и да е човекот кој многумина го нарекуваат сива еминенција на ВМРО во Охрид и покрај тоа што не сака сепак е присутен на нашиот портал, а ова е повторно негово појавување по објавата на фотографиите од водопадите на Нијагара при неговата службена посета на Канада пролетта годинава.
http://www.megastar.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=1518&Itemid=37
