Понеделник, 13 Февруари 2012 00:00

Интензивно се чисти снегот на патиштата кои ги поврзуваат селата во Општина Дебарца каде снег непрекинато паѓаше два дена.
Селата низ Дебарца последниве два дена имаат и проблеми со напојувањето со електрична енергија, а домаќинствата останувале и по повеќе од 12 часа без електрична енергија. Од вечерва нормализирано е снабдувањето со електрична енергија.
Исто така од приватните компании кои возат кон селата во Дебрца не известија дека преку целиот ден имаат проблеми со снегот на патот, заглавувале и сл.

