Среда, 25 Јануари 2012 16:00
Ловџиите останале и без свињата и без пушките
17:25 (четврток)Полицијата кога излегла на терен не го пронашла прасето и не го одзела - тврдат од СВР Охрид . Од тау велат дека настанало недоразбирање во комуникацијата со нас . Уште и додаваат дека една од причините за претресите по домовите на ловџиите е тоа што не го нашле уловот па затоа Полицијата вршела претрес во домовите. На лице место најдени се траги од крв кои се подигнати од лице место и се препратени во целокупниот материјал кој е пронајден и подигнат од лице местото- појаснуваат од СВР Охрид
16:38На наше прашање каде е складирана дивата свиња за која претходно од СВР информираа дека е одземена, портпаролот Димоски ја дополни својата изјава со тврдење дека прасето не било пронајдено иако било отсрелано.
Група од неколку граѓани на Охрид во неделата од страна на полицијата била затекната во лов на дивеч на недозволено место, во околината на селото Скребатно - дознава Ohrid1.com од свои извори.
Полицијата во моментот кога ги затекнала тие имале одстрелано една дива свиња која полицијата ја одзела. Информациите дека ловџиите тргнале во недозолен лов полицијата ги добила од граѓанин кој пријавил за овие недозволени дејствија.
Портпаролот на СВР Охрид , Стефан Димоски за нашиот портал го потврди случајот.
- На 22 овој месец во попладневните часови од страна на граѓанин пријавено е дека во место викано Гумење кај Скребатно извршен е незаконит лов на дива свиња - вели Димоски и додава:
- СВР Охрид има направено увид на лице место, потврдени се добиените сознанија од јавувањето на граѓанинот, преземени се одредени мерки и по претходна писмена наредба од Основен Суд од Охрид истиот ден извршен е претрес во домовите од три лица и притоа со потвда за одземени предмети одземени се неколку ловни пушки и друга ловечка опрема кои ги имале со дозвола. Во моментов се прави вештачење по што ќе се поднесат соодветни пријави - изјави Димоски.