Понеделник, 13 Февруари 2012 17:30
Фото : Ohrid1.com
18:51 Сообраќајот помеѓу селата во Дебрца е нормализиран. Полицијата извршила увид на местото каде се случил сударот по што колоните со возила тргнале во двата правци. Селата во Дебрца од пред половина час доиле напојување со електрична енергија.
ПРВАТА ОБЈАВЕНА ИНФОРМАЦИЈА
Судар на комбе и џип целосно го запреа сообраќајот од селата во Дебрца кон Ботун, каде се приклучуваат на главниот пат Охрид - Кичево.
Како што информираат граѓаните кои се заглавени во колоните возила на патот кој води од селото Белчишта до Ботун, веќе неколку часа чекаат да дојде полициска екипа која треба да изврши увид на лице место каде настанал сударот, но полицијата сеуште ја нема, а колоните патнички возила, комбиња и автобуси се протегаат во двата правци меѓу Белчишта и Ботун.
Селата во Општина Дебрца од утрово се без напојување со електрична енергија и нема најави кога повторно ќе се воспостави напојувањето.




