Петок, 27 Јануари 2012 15:12
Писмо со серија обвинувања за незаконско работење испратија до нашиот медиум членови на владејачката партија и лица кои тврдат дека работат во Н.П. Галичица. Се разгорува ли битката и апетитите за заземање на директорската фотелја во паркот од партиските лоби групи кои зачестено последниов месец изнесуваат во јавноста податоци за состојбите во паркот.

Директорот на Н.П. Галичица и овој пат недостапен да даде коментар за обвинувањата против него.И претходно тој кажа дека нема да дава изјави за нашиот сајт.
Станува ли директорувањето на директорот Зоран Ангелоски со Н.П. Галичица нелегално и дали тој по сите основи на законот мора да распише конкурс за избор на нов директор бидејќи мандатот на директорот е истечен пред повеќе од три месеци - стои во дописот кој го доби нашиот портал испратен од како што се потпишуваат - вработени и членови на ВМРО ДПМНЕ.
Според тврдењата директорувањето на актуелниот директор е спротивно и со статутот на оваа институција каде стои дека јавен конкурс за повторно именување на директор се распишува најкасно три месеци по истекот на рокот на кој директорот бил именуван.
Јавниот конкурс за нов директор не го распишува токму актуелниот директор иако за тао е донесена одлука на Управниот одбор, што според нив значело дека тој не ги почитувал одлуките на Управниот одбор.
Во дописот се тврди и дека Министерството за животна средина на два парти испратило дописи со кој кои го повикувало директорот да го распише конкурсот, но тој не постапил по препораките од министерството.
Понатака во писмото стои дека во заблуда бил доведен Управниот одбор кој бил наведен да донесе одлука за именување на Вршител на должност заради потребата од донесување на годинешните планови, програми и завршни сметки, што според напишаното, било спротивно на статутот на институцијата каде стои:
-(4) Ако на конкурсот не се јави никој или ако Управниот одбор на Ј.У.Н.П. Галичица, Охрид, Република Македонија не избере директор од предложените кандидати се распишува нов конкурс.
-(5) Во случаите од став 4 на овој член , Управниот одбор на Ј.У.Н.П. Галичица, Охрид , Република Македонија без јавен конкурс ќе именува вршител на должноста директор.
Токму овие членови од статутот се заобиколени токму поради фактот што директорот не го распишал огласот за избор на диркетор - стои во писмото.
Од овие причини произлегува дека одлуките на директорот се неважечки и спротивни на законот , а во дописот се тврди и дека во решението од Централниот регистар стоеле стари податоци со што се потврдувало како што го нарекуваат незаконското работење на директорот.
Се поставува прашањето кој од Владата на Р.М. го толерира ваквото работење кое е во спротивност со позитивните законски решенија кои се однесуваат на Државната урпава и Статутот на институцијата - стои во дописот и понатаму се повикува Управниот одбор да ги преиспита своите одлуки, а на крај се повикува и Државниот управен инспектор надлежен за работењето на државните институции и урпавните постпапки да констатира фактичка состојба во ра ботењето на Н.П. Галичица и да даде насоки за исправувањр на истата - стои во писмото.