fbfunbanner
Посети:: 3153

Мајка и дете заглавени пет дена во Горно Луково

Мајка и син кои живееле во куќа на крајот од селото Горно Лукво во Долни Дримкол, не оствариле контакт со никој од селото и буквално пет дена не се знаело дали се живи.

Снегот кој наврнал во Горно Луково во висина од 180 сантиметри буквално ја ''закопал'' нивната мала куќа и ги оневозможил воопшто да излезат од неа, а прв контакт со светот по пет дена мајката и детето имале со групата од десетина млади луѓе од Долно Луково кои се самоорганизирале и по три часа одење и поминати четири километри во снег од 1,5 метри, стигнале пеш преку планината да им помогнат на старите луѓе и мајката и детето во Горно Луково кое е целосно завеано во снег кој наместа низ селото достигнува скоро два метра.

DSC00458Куќите во Горно Луково се прекриени со снег до крововите.

Мајката и детето се хранеле со тоа што останало во нивниот дом, а во моментот кога стигнала помошта во домот имале само уште неколку кромпири. Во завејаната со снег куќичка скоро и да немало леб бидејќи целата храна ја изеле.

За младите од Долно Луково експедицијата со која дотурале леб во Горно Луково очигледно им била забавна

Бидејќи во Горно Луково населението е претежно составено од стари и изнемоштени лица нема можност луѓето да си помогнат меѓусебе, па помошта која младите од Долно Луково ја донеле, а се состоела од печен леб и други намирници била и тоа како добредојдена после долга опсада од снег и мраз.

ТРИ ДЕНА БЕЗ СТРУЈА

Селата во Долни Дримкол практично се отсечени од снегот, а немаат ни електрична енергија. Во теков на денешниот ден струја добивале со прекини ,а претходно цел итри дена намело струја .

Жителите од Долни Дримкол апелираат до надлежните да ги исчистат патиштата кон селата и да извршат дотур на намирници неопходни за живот на луѓето .

DSC00480

DSC00479

DSC00478

Tags:

Реклама

ohrid1-maturski-maj-2012
ljotebaner
premier
digitalfotovesna
banerviasacra
banerpandonos
vinoteka
akvariusbaner
pecatnica-kosta
alta-centar
banerohridinfo
banerstanovi
streedmedia
fitform
________________________________
       
         ШОТОКАН КАРАТЕ КЛУБ
           БЕЗБЕДНОСТ МИНТА
       УПИС НА НОВИ ЧЛЕНОВИ
              ТЕЛ: 075 211 953
________________________________