fbfunbanner
Посети:: 921

Кириите значаен извор на приходи во Охрид и Скопје

stanojkirijaИздавањето деловни простори и станови под кирија, најисплатлив бизнис во Охрид.

Ако  производството  во Охрид  секојдневно тоне се подлабоко, тогаш има бизнис кој со години наназад котира мошне високо на скалата на профитабилноста – трговија со недвижности, односно издавањето станови, и особено деловни простории под наем. Проценките говорат дека ако купите стан или деловен простор во Охрид и ги издавате под кирија, инвестицијата целосно ќе ја вратите за 10 до 15 години. Со тоа, покрај Скопје, за кој одамна се знае дека е на врвот од листата на главни градови во светот каде што издавањето на имот под наем е најпрофитабилно, Охрид полека, но сигурно и во овој поглед стана втора македонска метропола.
Наемнините за поголемите деловни простори во Центарот на градот, особено во чаршијата, достигнуваат астрономски суми и од 1000 па и 1.500 евра месечно, оние помалите од по 10-тина- 15 метри квадратни држат изгор цена од 350 евра за месец, а најнеугледните, и од аспект на архитектонскиот физикус под сите критериуми дуќани, кои згора на тоа се и со мала квадратура во руинирани и стари куќи, чинат најмалку 200 евра месечно. И иако секојдневно во Охрид се затвораат дуќани и осамнуваат натписи од типот ,, просторот се издава,, на сопствениците на деловни простори ни на крај памет не им е да размислуваат за евентуално намалување на цената за наем. ,, Подобро нека стои празен, отколку да го издавам за без пари,, коментираа некои од нив на нашето новинарско прашање. Си го ценат она што го имаат- недвижноста како капитал, и помалку нереално, во мигот кога треба да ја кажат цената на деловниот простор, како да добиваат


моментална амнезија и подзабораваат на целокупната економска состојба во земјава. Еден од сопствениците, кој не сакаше да зборува пред микрофон, кога го запрашавме кој бизнис според негово мислење е толку исплалив за да може да се плати однапред кирија од 1.500 евра месечно , препотентно ни одговори ,,Тоа не е мој , туку проблем на другите.Јас просторот го издавам за толку пари и точка,, .
За разлика од деловните простори, наемнините за становите последнава година се паднати,па чинат околу 2 до 3 евра за квадрат,зависно од локацијата,и староста на зградата во која се наоѓа станот,   но и таму исплатливоста за сопствениците што го изнајмуваат е голема. Познавачите на состојбите коментираат дека тоа е така бидејќи најголемиот дел од сопствениците не плаќаат данок на таа добивка. Односно, со кираџиите не потпишуваат договори за изнајмување, а исплатата најчесто се врши на рака, поради што на надлежните институции им е тешко да ги откријат. Од друга страна во Охрид е тешко и да се најде стан што се издава на подолго време, особено во Центарот, зошто повеќето од становите се претворени во апартмани и се издаваат на вечер по 20 до 30 евра.


Генерално, исплатливоста од издаваањето недвижности во Охрид е голема, што сугерира дека имотот е преценет. Оттаму не е чудно што секојдневно никнуваат нови згради во кои становите се однапред продадени, додека речиси се друго, во прв ред производните капацитети се затвораат.Полесно е да се инвестира во недвижнина која ,,ќе остане,,, и од каде условно речено без работа би се земале пари, отколку во било какво производство во кое и покрај сиот труд што би се вложил,а благодарение на бизнис климата во која што се наоѓаме, би имало сосема неизвесна иднина

В.В.

Tags:

Реклама

ohrid1-maturski-maj-2012
ljotebaner
premier
digitalfotovesna
banerviasacra
banerpandonos
vinoteka
akvariusbaner
pecatnica-kosta
alta-centar
banerohridinfo
banerstanovi
streedmedia
fitform
________________________________
       
         ШОТОКАН КАРАТЕ КЛУБ
           БЕЗБЕДНОСТ МИНТА
       УПИС НА НОВИ ЧЛЕНОВИ
              ТЕЛ: 075 211 953
________________________________