Среда, 15 Февруари 2012 14:16

Портпаролот на комитетот на ВМРО ДПМНЕ во Охрид и доскорешен директор на фестивалот Охридско Лето , Илче Мојсоски заедно со сорпугата и детето се иселил во Канада.
Како што ни потврди и тој самиот, во Канада стигнале пред две седмици и во моментов заедно со сопругата прават интервјуа за работа и наскоро ќе продолжат со животот и кариерите во оваа земја.
Илче Мојсоски беше еден од нај успешните портпароли на комитетот на ВМРО ДПМНЕ во Охрид, а забележителен беше и како директор на фестивалот Охридско Лето каде дојде на местото директор во моментот кога фестивалот должеше милионски суми и супеа да го изменаџира неговото одржување.
КВАЛИТЕТНИТЕ НЕ ЗАПИРЛИВО ЗАМИНУВААТ
Квалитетните и високо образовани млади луѓе незапирливо ја напуштаат земјава, а оваа појава е крајно изразена во Охрид. Поркај Илче Мојсоски кој ја остави и политичката и директорската кариера и замина во Канада, незапирливо заминуваат кадри од сите институции во градов. Неодамна болницата ја напуштил информатичар кој бил обучен да ја одржува новата опрема и заминал во Шведска.
Се повеќе родители отворено зборуваат дека децата мора да ги пратат надвор од земјава на школување со цел да останат таму.