Петок, 27 Јануари 2012 08:05

Нов вирус кој се шири меѓу овците, козите и говедата и предизвикува вродени аномалии, е откриен неодамна во неколку европски земји. Засега нема податоци дали се пренесува и на луѓе. Не постои и вакцина.
За вирусот официјално соопшти холандското Министерство за земјоделство. Во Холандија веќе се заразени 76 фарми. Слични случаи има и во Германија, Белгија, Велика Британија, Франција.
Вирусот Шмаленберг, по името на германскиот град, каде што е откриен за прв пат во ноември 2011 година, е пронајден во 51 фарма во Германија, главно во провинцијата Северна Рајна-Вестфалија. Преносители најверојатно се мушички, кои предизвикуваат треска и дијареа кај возрасните животни и не се пренесуваа директно од едно животно на друго. Бремените овци, кози и крави, сепак можат да пренесат вирусот низ плацентата, каде резултатот е раѓање на мртови новороденчиња или појава на вродени аномалии кај малите, кои потоа умираат побрзо.
Русија го прекина во средината на јануари увозот на овци и кози од Холандија токму заради Шмаленберг. Кина и Аргентина исто така побарале дополнителни информации во средината на овој месец.
Од 20 декември холандските одгледувачи се обврзани да пријават секакви аномалии кај новородените животни. Германското Министерство за храна, земјоделството и заштитата на потрошувачите предвидува до крајот на март да воведе задолжително декларирање на болеста, што треба да добие одобрение од Бундесратот.
Германија побарала Брисел да се воведе ваков режим и на европско ниво.