fbfunbanner
Посети:: 487

Прослава на Св. Валентин во различни култури

svvalentin

Романтичната традиција на Свети Валентин датира од пред неколку века и тој ден го слават луѓе од целиот свет од различни религии и култури.

Древните Римјани го слават Денот на љубовта на 14 февруари со упатување молитви кон божицата на бракот и мајчинството Јунона. Девојките кои бараат маж, пишуваат писмо и да го фрлаат во длабока кутија. Оној кој го извади, станува нивен сопруг.


Античките Грци организираат масовно правење на љубов во чест на божицата на љубовта Афродита. За време на овие оргии некои си наоѓаат сопатнници за во животот.

Денот на вљубените почнува да се слави масовно и во Западна Европа. Традицијата на пишување на писма, подарување на цвеќе и бонбони и пеење на Серенади се закотвило цврсто во главите на луѓето. Овој празник е рај за производителите на картички и слатки. Според традицијата на англискиот дворец во почетокот на 17-ти век, на Свети Валентин младите мажи и жени си разменуваат прстени и бонбони. Секоја жена може да отиде кај мажот што и седопаѓа и да побара за нејзин сопруг. Важното е дека мажот нема право да го одбие ниедна дама. Но ако сепак неговото срце е веќе зафатено, тој мора нејзе да и подари свилен фустан.

Во Јапонија и Кореја празникот датира од 1930 година. Во Јапонија на Денот на вљубените подароци добиваат само мажите. Празникот за жените доаѓа месец подоцна, на 14 март, а денот е наречен "Белиот ден". Спротивно на Јапонија, во Кореја постои традиција на "Црниот ден", во кој сите осамени мажи сесобираат и пијаат.

Во страсната Франција Денот на вљубените се изразува во разменување на накити други романтични подароци, а во Данска мажите подаруваат суви бели цвеќиња. На овој ден во Англија девојките се собираат пред изгрејсонце ипогледнуваат низ прозорецот. Првиот човек кого ќе го видат станува нивен сопруг. Во округот Дербишир девојките ја обиколуваат црквата 12 пати на полноќ и повторуваат магична заклетва. Според легендата по ритуалот ја среќаваат вистинската љубов.

Во Јамајка на овој ден одржуваат масовни голи свадби, а на плажите доаѓаат многубројни младоженци кои одлучиле да бидат во вечна љубов. Во Бразил Денот на вљубените се прославува на 12 јуни. На овој ден бразилките вршат магични ритуали, со кои привлекуваат ергени.

Во Израел Денот на љубовта се слави накрајот на летото. Девојката може само да ја предложи раката на момчето што ќе го избере. Германците ја поврзуваат љубовта со лудилото и го сметаат Свети Валентин за заштитник на лудите. На овој ден се украсуваат психијатриските клиники со цвеќиња. Полјаците веруваат во чудотворната сила на љубовта и затоа се смета за свој долг да одат во црква и да се помолат за семејна среќа.

Свети Валентин е забранет за муслиманите во Саудиска Арабија. Луѓето што ќе направат грев на овој ден се казнуваат. Во продавниците е строгозабрането да се продаваат црвени рози, кадифени играчки и чоколади во формана срце. Властите сметаат дека "погубната западна традиција" ги збунува умовите на младата генерација во Саудиска Арабија, која ги поттикнува на грев.

Реклама

ohrid1-maturski-maj-2012
ljotebaner
premier
digitalfotovesna
banerviasacra
banerpandonos
vinoteka
akvariusbaner
pecatnica-kosta
alta-centar
banerohridinfo
banerstanovi
streedmedia
fitform
________________________________
       
         ШОТОКАН КАРАТЕ КЛУБ
           БЕЗБЕДНОСТ МИНТА
       УПИС НА НОВИ ЧЛЕНОВИ
              ТЕЛ: 075 211 953
________________________________