Вторник, 11 Октомври 2011 21:23
Октоберфест е шеснаесетдневен фестивал којшто се одржува секоја година во Минхен , Германија почнувајќи од крајот на септември до почеток на октомври . Тоа е еден од најпознатите настани во Германија и најголем светски саем , со околу шест милиони луѓе што го очекуваат секоја година , и е привлечен настан со важни делови од Баварската култура .И други градови од светот ги одржуваат Октоберфестовските прослави , по примерот на Минхенскиот настан.
Минхенскиот Октоберфест , традиционално се одржува шеснаесет дена вклучувајќи ја и првата недела од октомври .Во 1994год. како резултат на Германското обединување распоредот беше изменет така што ако првата недела од октомври е 1ви или 2ри , тогаш фестивалот ке продолжи до 3ти ( Германскиот ден на обединување) . Така што , сега ако првата недела од октомври е на 1ви фестивалот трае 17 дена , а ако е на 2ри октомври трае 18 дена.
Фестивалот се одржува во областа неречена ’’Theresienwiese’’, најчесто нарекувана ’’d’Wiesn’’. Посетителите исто така јадат огромни количини на храна , најчесто традиционална храна како ’’Hendl’’ ( пилешко ) , ’’Schweinsbraten’’( печено свинско ) ,’’Haxn’’ ( свинска коленица ) , ’’Würstel’’ ( колбаси ) заедно со ’’Brezel’’ ( переци ), ’’Knödeln’’( компири или лебни кнедли ) , ’’Käsespätzle ’’ ( сирењаци ) , ’’Reiberdatschi’’( компир – палачинки ) , ’’Sauerkraut’’или ’’Blaukraut’’( црвена зелка ) со некои Баварски специјалитети како ’’Obatzda’’( масно вариво зачинето со сирење и путер ) и ’’Weisswurst’’ ( бел колбас ).
На овогодишниот Октоберфест се претпоставува дека имало околу 6,9 милиони посетители, а се испило околу 7,5 милиони литри пиво.
Дел од атмосферата од Октоберфест 2011 можете да ја погледнете од сликите кои ни ги испратија наши сограѓани.


























Ohrid 1
Фото: Стојан С. (2С Студио)