Среда, 06 Октомври 2010 15:11

Неодамна европски метеоролози направија сензационалнa изјава - според нивните прогнзи, претстојната зима во Европа може да биде најстудената за последните 1000 години. Причината е дека течението Голфска струја се забавува.
Според полски експерти причината за одложувањето на течението е хаваријата на нафтената платформа во Мексиканскиот залив, кога во океанот завршија над 700 тони нафта, пишува молдавската издание на весникот "Комсомолскаја правда".
Според научниците од полскиот Институт за метеорологија и водно стопанство, брзината на Голфска струја е намалена двојно во последниве 5 години. Течението веќе не е во состојба да ги компензира ладните струи од арктички ветрови. Симптомите веќе се гледаат во скандинавските земји, а ако течението запре, голем дел од континентот ќе се покрие со мраз и ќе се случи ледена доба.
Тврдењето на Полјаците е поддржан и од руски научници. Шефот на метеоролошката служба Александар Фролов вели дека во Русија температурите ќе паднат до - 20, - 25 степени барем за десет дена. Во северните делови на земјата, пак, овие степени ќе се вообичаени. Според научниците, теоретски е можно Голфска струја да запре ако гренландскиот мраз штит се стопи целосно. Засега, сепак тоа не се забележува.
Молдавските метеоролози не можат да коментираат овие загрижувачки прогнози, бидејќи тие можат да прават краткорочни предвидувања за следните 3-5 дена.
Според нив, оваа година зимата ќе биде слична на онаа од минатата година, во која се можни и температури до минус 30 степени.
Tags: