Понеделник, 02 Мај 2011 05:55
Лидерот и основач на терористичката мрежа Ал каеда - Осама Бин Ладен бил убиен од американските сили за време на воена операција во Пакистан. Ова го соопшти американскиот претседател Барак Обама, пренесува ББС.
Операцијата е базирана на податоци на американското разузнавање.
Американскиот претседател бил информиран минатиот август за евентуалната положба на терористот број еден, во пакистанска база.
Минатата недела Обама дал "зелено светло" за почнување на операцијата, која била составена од мал тим специјалци.
"По престрелка Бин Ладен бил убиен, а неговото тело го зеле американските сили", изјави Барак Обама во драматичното обраќање до нацијата.
Малку потоа пред Белата куќа се собраа воодушевени Американци кои извикуваа "САД, САД".
Охрид 1