
Сабота, 04 Септември 2010 13:46

Скандал састаф викендов настапуваше на фестивалот Охрид-фест 2010, на Вечерта на поп-ѕвезди ја доби првата награда од стручното жири на фестивалот, за песната Немој никаде (музика и аранжман Славиша Киброски, текст Огнен Неделковски).
На Интернационалната вечер, Скандал састаф водеше убедливо на телеволтингот, со најмногу гласови од почетокот, па се до крајот на фестивалот, каде после гласањето на жирито се сменија работите.
Многу сме среќни што ја добивме првата награда од стручното жири, но уште сме посреќни што бевме први на телеволтингот на Интернационалната вечер, во сериозно јака конкуренција, а тоа ни значи повеќе од било што.
Сепак, ние сме бенд (састаф), кој секоја недела настапува во живо по дискотеките и клубовите низ цела Македонија, а публиката за нас претставува искрено мерило за успех.
За охридската песна веќе е снимен и видео-запис, кој наскоро ќе биде промовиран...