
Недела, 22 Јануари 2012 22:02

Жител на Тајланд одлучил да се ожени со својата долгогодишна девојка, иако таа е мртва.
Чадил Јинѓуен 28 - годишен телевизиски продуцент долго време сакал да се жени со Сарињом Комсок(29), но поради своите студии тој ја одлагал венчавката.

Тие двајца се запознале на факултет и во врска биле 10 години.Но на почетокот на овој месец неговата девојка погинала во сообрајќана несреќа. Јинѓуен, одлучил да ја исправи својата грешка, иако било тоа касно.
Така да тој го организирал погребот кој истовремено бил и венчавка. Телото на девојката било облечено во бела венчаница, а Јинѓуен во црн смокинг. Тој на нејзината рака ја ставил бурмата и ја бакнал на челото. Јунѓуен ги поставил сликите на фејсбук.

Албумот со фотографиите го нарекол “Мртва невеста“
Неговата постапка предизвикало бурни различни реакции во светот.
Додека неговите пријатели го бранеле овој негов чин како несреќен човек кој е безнадежно заљубен, други сметаа дека се работи за морбиден чин и направен поради публицитет.
Фото: Facebook