
Недела, 15 Јануари 2012 23:41

Mелита Ракичевиќ, уредничка на забавната програма во телевизија АБ, дала отказ од работното место, револтирана од односот на директорката Сашка Андревска, ќерка на сопственикот на телевизијата Бојо Андревски, објавува најновиот број на таблоидот Крема.
Ракичевиќ, за таблоидот Крема, тврди дека условите за работа во телевизијата, последните месеци биле ужасни, а како што вели луѓето работеле како црнци во простории без греење. За тоа време, пак, според зборовите на Мелита, директорката им давала само половина од личниот доход.
- Работата ни стана хорор. Бојо рикна, сакаат на луѓето душата да им ја земат. Мене ме третираа екстра, ама околностите се сменија оти тој банкротираше и се тргна на лошо. Ако ти се верува последните два месеци и чашите од кои пиеме во емисиите ги купував од мои пари – вели Мелита во разговорот за таблоидот Крема.
Мелита во АБ канал работела околу две години. Во јавноста е позната по нејзините емисии за домашни миленици „Пет шоп“ и други успешни проекти.
Бојо Андревски е сопственик на АБ телевизија, дневниот весник Вечер, како и на Европскиот универзитет.
Таблоидот информира дека неколку месеци наназад во јавноста се шпекулира дека овој бизнисмен, близок на власта, има сериозни финансиски проблеми. Гласините дека бизнисите му пропаднале Андревски ги негираше тврдејки дека сака сериозно да го работи само Европскиот универзитет.
www.plusinfo.mk