Според Управа за хидрометеоролошки работи од вечерва па се до среда ќе има врнежи од снег и пониски температури. Во Охрид според прогнозите би требало да падне околу 30-40цм снег во вторник, кога врнежите ќе бидат поголеми. Од среда се очекува расчистување на облаците и опаѓање на температурите до -10 степени под нулата. Таквото време би требало да трае до викендот кога повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.