Претставниците на Општина Охрид , Кујтим Усеини член на општинскиот совет и Илкер Мустафа од секторот за туризам и ЛЕР ги посетија збратимените градови Сафранболу и Јалова во Турција.
Во текот на официјалната посета на Сафранболу , охридската делегација имаше средби со градоначалникот Д- р Неждет Аксој и неговите соработници на кои се разговараше за рализација на заеднички проекти. Во име на градоначалникот на Општина Охрид Александар Петрески, Градоначалникот и Гувернерот на Општина Сафранболу беа поканети на официјална посета на Охрид.
По средбата со Градоначалникот и членовите на Советот на Општина Јалова се разговараше за заеднички апликации на проекти и за фестивалот кој се одржува во Јалова за време на летниот период, на кој Охрид ќе учествува по трети пат.