fbfunbanner
Посети:: 391

Видически - Прличев е најгоростасната фигура на 19 век

grigor_prlicev_vidiceski

За Григор Прличев денеска во името на Друштвто на писателите на Македонија, писателот и општествен деец Видое Видически одржа пригодна реч во која истакна дека големите луѓе се раѓаат, живеат и творат во исклучително тешки времиња.

- На овој ден пред 119 години, скоро една деценија пред да востане на Илинден Македонскиот народ, ги склопи очите охриѓанецот Григор Ставрев Прличев. Престана да чука едно големо срце да мисли еден голем ум и да твори еден голем творец, истакна Видически кој претходно положи ловоров венец на бистата од Прличев пред библиотеката што го носи името на преродбеникот.

Проучувајќи го низ годините на 19-от век наследството што го оставија преродбениците, тој вели дека прличевата фугура е најгорстасна, а неговото дело како најобемното и во уметничка смисла како најкомплетното.

- Нашата преродба немаше да се оствари со таков интензитет без присуството на Григор Прличев. Нашата култура ќе беше посиромашна без достоинствата што ги создадоа „Сердарот“ и Скендербег, додаде Видически.

По повод 119 години од упокојувањето на Григор Прличев, бројни делегации од општината, од јавните, образовните, културните и други институции денеска положија свежо цвеќе пред бистите и на гробот од ловороносецот.

Супер радио /  www.ohridpress.com

Tags:

Реклама

ohrid1-maturski-maj-2012
ljotebaner
premier
digitalfotovesna
banerviasacra
banerpandonos
vinoteka
akvariusbaner
pecatnica-kosta
alta-centar
banerohridinfo
banerstanovi
streedmedia
fitform
________________________________
       
         ШОТОКАН КАРАТЕ КЛУБ
           БЕЗБЕДНОСТ МИНТА
       УПИС НА НОВИ ЧЛЕНОВИ
              ТЕЛ: 075 211 953
________________________________