St. Papa Benedigt come in Ohrid
Среда, 08 Септември 2010 00:02

Од кога ни протечи мед и млеко низ државава , медот нема кој да го откупи, а млекото го истураат по улици, кога млечната криза во Македонија ја решивме со испраќање на екс Министерот за земјоделие на неговото амбасадорско место, и кога млекарот Дуле го ставија во притвор за марихуанче, јасно беше дека ќе се среди млечната криза.
Името го решивме и нема што со клето Грче да разговараме за име, зошто ние си имаме и име а си имаме и презиме за надворешна употреба. Кој ни е крив како што ќе каже пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ Александар Николовски да во далечната 1995 година Владата на Бранко Црвенковски добила покана за пристапни преговори со ЕУ, ама види чудо Бранко ја одбил таа понуда!!!!!
Е како нема да ја врати човекот кога тие клети европјани ни дозволија во 1994-1995 година да Грција ни наметне блокада и ембарго на сите стоки и услуги за Македонија, ни ги донесе УМПРОФОР и УНПРЕДЕП да ни ги чуваат границите за недај боже да не помине некоја стока или пак некоја цистерна за гориво за Србија без нивно знаење и рекет. Арно ама дете кое тогаш било на 10 годишна возраст вероватно имал визија дека еден ден ќе стане политичар та така будно ги следел сите политички процеси на Македонија во рамките на Евроинтеграцијата. Кога благодарение на посетата на Николовски на Канада, и сликите кои ни ги испрати како се смешка на Нијагарини водопади, од нашата братска земја Канада како капитална инвестиција вложена во Македонија секако ни остана само таа слика, па просто ме чуди зошто профосорите кои го изготвуваа ученикот за петто одделение по Општество, кога веќе го спомнуваа Игор Џамбазов, Нора Шаќири, Тони Михајловски, барем во еден дел не го спомнаа Александар Николовски, па така нов предлог до Министерот Тодоров под хитно да се изврши нова преправка на учебниците и авторите да се казнат.
Идејќи од Битола према Охрид опс импресивна глетка од Ѓавато некој забрзано работи на реставрација патниот правец Битола- Охрид, вероватно Греат Александар Охридски, се сетил дека за развој на туризмот во Преспа и Охрид потребна е и патна инфрастуктура, а шубо ќе беше да си изградевме еден канал од Преспа до Охрид па да си воведевме една ферибродска линија Претор- Охрид Биро Веритас ќе се скинеа пари земанје за регистрации, ем патниците задоволни, ем оние охридски бродари ќе ги научевме на ред дека мора да си носат елечина и дека никој не им е крив зш нема бродска линија од Охрид према Велгошти.
Кога Греат Александар се ќе ни реши на државно ниво нормално и не ме изненадува веста да оди во Рим и да го покани папата Бенедигт 16 да ни дојде во посета на Охрид па така во неговиот поход на покани за во иднина ќе му преостане да го покане Тибетскиот водач Дарај Лама Индискјото чудо Саи Баба, па да заврти малку околу исламскиот свет па така нели цело е кога има се. Се надевам дека при посетата на Рим и средбата со Градоначалникот на Рим г-динот Џиани Алемано, Николовски ќе има доблест да предложи збратимување на двата града Охрид и Рим, и во стилот на еден висок политичар би пренесол срдечни поздрави од Градоначалникот на Охрид Алкександар Петревски до неговиот римски колега. Амфитеатарот е широк.
Денесовски Сашо - Новинар
Tags: