Петок, 27 Јануари 2012 22:52
Порталот OhridPress.com објави фотографија од јарболите пред Општина Струга на која се гледа дека државното знаме на Република Македонија е симнато од јарболот , а на негово место е подигнато зелено знаме на ИВЗ.
Серија инциденти се случија попладнево и вечерва во Струга од како заврши протестот на кој муслиманите од градот протестираа против пародиите на карневалот во Вевчани, каде дел од маските беа посветени на исламот.
Запалено било знамето на Македонија, а каменуван бил и автобус на превозното претпријатие Сприја од Вевчани. Полицијата како што информираат од СВР Охрид е на терен и будно ја следи состојбата.