Посети:: 369

Петрески: Причините за поскапувањето на водата се од 2000 година

acopresproakva

Градоначалникот на Охрид Александар Петрески денес на прес конференција направи ретроспектива на причините заради кои во следниот период ќе мора да се зголеми цената на водата во Охрид. Тој како што рече морал вака детално да ги образложи причините и историјатот на договорите кои ги склучувала Владата од Скопје, за  Проаква во изминатите 12 години, период за кој тој како што рече не знаел дали Атанаско Михаилов бил во Охрид или во Делчево и Берово.

-Можеби Михаилов тогаш не бил во Охрид, па затоа ќе ги објаснам сите детали и историјатот на договорите со и околу Проаква, за да знае и тој што се случуваше со ова јавно претпријатие изминативе 12 години, кога во Охрид владееше и ВМРО ДПМНЕ - рече Петрески и додаде:

- На 12 декември 2000 година тогашната Влада која ја водеше ВМРО ДПМНЕ со договорите за кредити од една програма, се обврза цената на водата рапидно да се зголеми и тоа од 50 % до 20 % во зависност за кој град се работи, а конкретно за Охрид со тој договор беше предвидено зголемување на цената на водата за 40 % - рече Петрески и продолжи:

- Министерството за финансии , каде во тоа време министер беше актуелниот премиер, Никола Груевски, донесе одлука во која пишува дека во ри наврати ќе се зголемува цената на водата и тоа 30 %, потоа 15% и на крај 20 % - рече тој.

Петрески кажа и дека тој не одлучува дали водата ќе поскапи туку тоа го рпави советот, а согласно договорите за кредитите кои се потпишани уште во 2000 година, тој е обврзан поскапувањето да го стави на дневен ред пред советниците кои ќе гласаат по него.

ПОСКАПАТА СТРУЈА ЈА ''ИЗЕДЕ'' ПРОАКВА

Цената на струјата која континуирано расте во изминатата деценија рапидно ги зголеми трошоците на работа на Проаква бидејќи основен енергенс на претпријатието е токму струјата.

-Цената на струјата во периодот кога се потпишуваа овие договори за кредити беше 1, 86 денари за 1 Киловат час електрична енергија, а денес цената е 13, 78 денари. Тоа е рапиден раст на трошоците на работа на Проаква и секако дека и тоа влијае на крајната цена на водата, бидејќи поскапата струја ги голта средствата - рече Петрески.

КРЕДИТОТ ОД ПРЕД 10 ГОДИНИ НАМЕНЕТ ЗА ПРОАКВА ЦЕЛОСНО ПРОМАРШУВАЊЕ

Петрески рече и дека кредитот со сите договри кои го пратат, а заради кој сега поскапува водата е најголемиот криминал и е целосно промаршување за што тој го запознал и премиерот Груевски, кој пак пратил истражни органи да го проверат целиот случај.

- Наместо цефки со предвидена дебелина, ставани се потанки цевки и тие сега пукаат, па наместо да имаме функционален водовод ние сега имаме водовод кој постојано го санираме, а со тоа правиме дополнителни трошоци кои го оптеретуваат претпријатието Проаква - рече Петрески.

ДОГОВОРИТЕ И ОСТАНАТИТЕ ДОКУМЕНТИ ПРЕЗЕНТИРАНИ НА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈАТА

dok.1

dok.2

doc.3

Tags:

Реклама

ljotebaner
inexbaner
premier
banerviasacra
banerpandonos
banerdon
vinoteka
akvariusbaner
pecatnica-kosta
alta-centar
banerohridinfo
banerstanovi
streedmedia
fitform
________________________________
       
         ШОТОКАН КАРАТЕ КЛУБ
           БЕЗБЕДНОСТ МИНТА
       УПИС НА НОВИ ЧЛЕНОВИ
              ТЕЛ: 075 211 953
________________________________