fbfunbanner
Посети:: 1046

Невладините на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ протестираа во Охрид

Протести во официјална организација на Здружението на граѓани Христо Узунов и Младинскиот центар - Охрид, а зад кои реално стоеја ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, денес се случија пред зградата на општината и болницата во Охрид.

2bolnicaНевремето и ''лапајцата'' не ги запреа вработените под општоинска капа и членството на СДСМ да дојдат на протест

На протестот зад кој официјално како организатор стоеше Младинскиот центар Охрид, дојдоа сите вработени во јавните претпријатија во Охрид, како и вработени во локалната администрација на градот, во училиштата и градинките. Овие служби со кои раководат кадри кои ги поставила локаланта власт од СДСМ масовно дојдоа на протестот. Колона од стоици вработени од Проаква и ЈП Комуналец поминаа по улицата АСНОМ, па преку Карпош Војвода колоната дојде пред болницата.

2Вработените од Проаква и Комуналец во строј тргнаа на протест пред болницата.

Градоначалникот на Охрид Александар Петрески рече дека протестот морал да се случи бидејќи Охрид останал три години без болница и наместо да се прават нови болници и да се развива здравството, граѓаните на Охрид останаа без овој објект

acobolnicaПетрески го окарактеризира протестот пред болницата како граѓански, а тој пред општина како партиски

-Инфузии примаат седнати на стол затоа што нема каде да ги легнат, бидејќи толкав е капацитетот н болницата во Струга. Ние болницата што ја имавме, пред да ја разрушат беше подобра од таа во Струга, а сега замислете каде сме вратени назад - рече Петрески и додаде дека верува дека болницата ќе се доврши до декември годинава, затоа што како што каќа доаѓаат Локални избори, па и да не сакаат ќе ја довршат.

Петрески рече дека протестот кој денес се доржа пред Општина Охрид е партиски организиран и на него ќе дојдат сите кои ги вработила ВМРО ДПМНЕ,( дури и луѓе кои работеле во болницата) затоа што тој протест бил организиран по партиска директива, а вработените морале да одат на протестот пред општина за да не ги изгубат работните места.

НА ПРОТЕСТОТ ОД ХРИСТО УЗУНОВ ТРОЈНО ПОМАЛКУ ЛУЃЕ

protestopstinaВмровската партиска машинерија денес како да потфрли.

На протестот кој се одржа пред општинската зграда, а на кој дојдоа активисти на ВМРО ДПМНЕ и вработени во администрацијата во Охрид која е под државна капа дојдоа речиси трипати помалку луѓе. Освен раководителите на НП Галичица, Домот на култура, Капетанија и неколку други институции и дел од вработените таму, немаше некое помасовно доаѓање во колони по улиците ( како што тоа го направија локалните јавни претпријатие за СДСМ ).

slavcoСлавчо Ристески го окарактеризира протестот пред општина како протест на народот, а тој пред болницата како партиски.

На медиумите во име на организаторите им се обрати Славчо Ристески кој се појави во фунцкија на порптарол на Здружението Христо Узунов кој ги повтори ставовите за не продавање на Проаква и побара од Александар  Петрески да не се зголемува цената на водата. И тој ги окарактеризира протестите пред болницата како партиски организирани од СДСМ.

- Протестот пред болницата е организиран од СДСМ и сите кои работат во институциите кои ги контролира СДСМ мораа да одат на протест, за да не ги изгубат работните места - рече тој.

 

 

 

Tags:

Реклама

ohrid1-maturski-maj-2012
ljotebaner
premier
digitalfotovesna
banerviasacra
banerpandonos
vinoteka
akvariusbaner
pecatnica-kosta
alta-centar
banerohridinfo
banerstanovi
streedmedia
fitform
________________________________
       
         ШОТОКАН КАРАТЕ КЛУБ
           БЕЗБЕДНОСТ МИНТА
       УПИС НА НОВИ ЧЛЕНОВИ
              ТЕЛ: 075 211 953
________________________________