Сабота, 18 Февруари 2012 12:18

Началникот на Центарот на јавно здравје, Атанаско Михаилов денес на прес конференција упати деманти на тврдењата кои вчера во јавноста ги изнесе директорот на Ј.П. Комуналец од Охрид, Сашо Алче,
Михаилов рече дека тврдењата за долгови на ЦЈЗ кон Комуналец се чиста лага и презентира фактури за ѓубретарина кои ЦЈЗ уредни ги плаќал.
- Центарот за јавно здравје не должи ни еден денар ниакде, а најмалку на Комуналец. Ние редовно си ги плаќаме сметките за комуналните услуги и тврдењата дека не сме платиел се лага која Сашо Алче ќе мора да ја докажува пред друга институција - рече Михаилов и додаде:
- Услугите за вакцинирање на вработени кои последен пат ги користеше Комунаец во 2007 година ги плаќаше на четири рати во годините потоа. Ние како институција не сме должни да кредитираме јавно претпријатие бидејќи вакцините кои тогаш се набавија ги плативме кај набавувачот, а годините потоа чекавме Комуналец да се исплати кај нас на четири рати. Тоа повеќе не можеме да си го дозволиме, и доколку се решат повторно да вакцинираат ќе треба да не известат, ние ќе направиме требовање по што добавувачите ќе достават вакцини, но ќе мора да ги платат, без да се чекаат години и рати - рече Михаилов.
МИХАИЛОВ:АВТОКЛАДИРАЊЕ НЕ Е ВАРЕЊЕ ГРАВ
Михаилов уште еднаш ја појасни постапката за афтокладирање и кажа дека тоа не е ''варење грав'' туку е процес каде на температура од 130 целзиусови степени се уништуваат микро организмите и одпадот е стерилен.
- Изгледа за Сашо Алче нема разлика помеѓу автокладирање и варење грав. Афтокладирањето е процес кој ги униптува сите мирко организми на медицинскиот отпад и потоа тој е комунален отпад. Истото тоа се прави и на иснтрументите за хируршките интервенции. Се стерилизираат и потоа се користат, ова вака буквално да објаснам што се прави со отпадот и колку е безбеден - рече Михаилов.
КОМУНАЛЕЦ ПОДИГАЛ МЕДИЦИНСКИ ОДПАТ ОД БОЛНИЦАТА И НАПЛАТУВАЛ ДВОЈНО ? !
Атанаско Михаилов уште и кажа дека Ј.П. Комуналец го подигал медицинскиот отпад од болницата и за тоа наплаќал по двојно повисока цена, но праша и каде се депонирал во тие години одпадот ?
- Тие го подигаа отпадот од кај нас и за тоа наплаќаа двојно повеќе, но нека одговори Сашо Алче каде се депонираше тој отпад и што се случи кога инспекциајта го провери тоа ? Дали се поднесе некоја приајва? - праша Михаилов