Сабота, 18 Февруари 2012 17:08
ПОВТОРНО ОБВИНУВАЊА И ПРАШАЊА, НАМЕСТО ДА СЕ НАЈДЕ РЕШЕНИЕ И ОДГОВОР
Наместо да се најде решение и да се санкционираат виновниците кои депонираат медицински отпад во контејнери кои се наменети за депонирање на комунален отпад од страна на граѓаните, раководителот на Центарот за јавно здравје од Охрид, Атанаско Михаилов, манипулира со охридската јавност, ги оптеретува медиумите со повторно свикување на пресови и поставување на прашања. Го повикуваме г-динот Михаилов, сите отворени прашања може да ги адресира до Ј.П.Охридски Комуналец, веб-страната е достапна 24 саати, а одговорот ќе го добие во најкраток можен рок.