Градоначалникот ги повика од Христо Узунов да протестираат пред Владата.
Петок, 03 Февруари 2012 23:36
Здружението на граѓани „ Христо Узунов“ утрешниот протест за поскапувањето на водата, не треба да го организира пред зградата на Општина Охрид туку пред Владата на Република Македонија . Одлуката за поскапувањето е донесена и потпишана уште во 2000- тата година од тогашниот министер за финансии, а сега премиер и претседател на ВМРО- ДПМНЕ Никола Груески.
Наместо пред Општина Охрид , вработените во подрачните единици на владините министерства и институции, чии имиња беа обелоденети во списоците за вработување на ОК на ВМРО- ДПМНЕ, исто така треба да протестираат пред владата. Ако имаат достоинство, на својот лидер и премиер треба да му постават прашања за поскапувањата на нафтата, струјата, прехрамбените продукти и многу други нешта кои граѓаните на Република Македонија ги донесоа до работ на голата егзистенција.
Оние кои работат во здраствените институции , не треба да се на протестот пред општината туку пред влезот на општата болница, каде утре, на 4 февруари, во 5 минути до 12 часот граѓаните ќе го кренат гласот против систематското уништување на охридското јавно здраство. Ако во ОК на ВМРО- ДПМНЕ има демократска атмосфера тогаш не треба да им се закануваат дека ако излезат на протестот пред болницата, наредниот ден ќе бидат избркани од работа - стои во соопштението од кабинетот на Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.
Tags: