Петок, 29 Октомври 2010 10:06

ВЕСТА ОД 29 ОКТОМВРИ 2010 ЗА КОЈА ПОЛИЦИЈАТА ПОКРЕНА ИСТРАГА СО КЛИК ТУКА
ВЕСТА ЗА РАСПИТОТ НА ТАНЕВСКИ ВО ПОЛИЦИЈА СО КЛИК ТУКА
До Мегастар утрово е доставен список со 197 граѓани кои треба да добијат или низ минативе години веќе добиле работно место како членови на ВМРО ДПМНЕ ОК Охрид. Списокот Мегастар го доби од луѓе од самата партија кои велат дека истиот е направен пред подолго време и доследно според овој список се вршат вработувања на луѓе во сите фирми и институции каде раководат луѓе назначени од оваа партија.
Интересно е што во списокот е наведено и тоа дали лицето е вработено на определено, неопределено време или пороцедурата за негово партиско вработување е во тек. Лицата се заведувани под реден број, потоа следува во кој месен комитет на партијата членува, па телефонски број од лицето, потоа информации за неговото образование, и на крај институцијата или претпријатието каде треба да биде вработено.
Според спикот ОК ВМРО ДПМНЕ од Охрид своите членови ги вработувал во широк спектар на фирми и иснтитуции почнувајќи од МВР, преку Македоснки Шуми, Геодетски Завод, Инспекциски служби, на Аеродромот во Охрид, Хидробиолошкиот завод, Хотели, Централен регистар, Основен Суд, ЈП Галичица, Дом на култура, Библиотека, ЈЗУ Свети Еразмо, Историски Архив, Завод и Музеј, Авто школи, во Капетаниајта, Затворот во Охрид па се до Центарот за управување со кризи.
Партијата отишла до таму што во ЕМО предвидела да вработи повеќе од 100 луѓе.
АТАНАСКО МИХАИЛОВ ГО НЕГИРА СПИСОКОТ
- Не, апсолутно ниту знам ниту имам појма, ниту таква работа е можна. Ова што го велите не е можно, ни сум видел таков список ни е множно тоа. Законски како може да се вработува некој, а да нема конкурс, ова нема врска со мене. Треба конкусрс некој да ојави нема врска незнам , нависитна, ако имаат наши луѓе такви информации повикајте ги нека ги кажат, немам поим, никој се тие шти ги доставиле, ни на кој начин се дојдени, ниту со тоа се заниамваме. Слободно објавете го списокот, ние во ВМРО ДПМНЕ фунцкионираме со конкруси и вработување на конкруси - рече Атанаско Михаилов Претседател на ВМРО ДПМНЕ ОК Охрид.





