Вторник, 07 Февруари 2012 14:39
Концесионерите на кои пред неколку месеци им истече договорот за стопанисување треба да ги вратат плажите во првобитна состојба. Министерството за транспорт и врски ги испорача првите решенија за рушење на плажите. Во него стои дека целата градба треба да се отстрани во рок од 30 дена. Жалбата пак, како што било наведено, немала да го одложи извршувањето - јави Ohridpress.com
Како што објави порталот доколку сами концесионерите не рушеле тоа ќе го направеле инспекциите.
Концесионерите револтирани но и изненадени. За нив не е јасно како Министерството во акцијата ги вклучило и објектите кои претходно биле предвидени со проект плановите кои ги доставувале. Велат комисијата правела два пати годишно ревизија на активностите додека се средувале плажите, го надгледувала градењето и дала амин за истите.
