Делегација на Општина Охрид предводена од членот на Советот Кујтим Усеини и Илкер Мустафа од секторот за туризам и ЛЕР се во повеќедневна посета во Анкара, Република. Турција.
Претставниците на Општина Охрид првата средба ја остварија во приватното основно училиште “ БИЛКЕНТ“ .На средбата беше договорено збратимување на ОУ “БИЛКЕНТ и ОУ “ БРАТСТВО ЕДИНСТВО“ од Охрид, а беше потпишан и договор за реализација на заеднички проект.
Проектот ке биде реализиран со група од 15 ученици и 2 наставници од двете училишта. Првично децата ќе комуницираат преку заедничка поставена веб- страна и ќе се запознаваат со градовите, културите, храната, обичаите и сето тоа што е вредно за нив. Потоа ќе следат меѓусебни посети на двете училишта. Посетата на нашите ученици на Анкара е договорена за 19 мај годинава.
Во име на Општина Охрид и Градоначалникот Александар Петрески делегацијата даде целосна подршка на проектот, се обврза да го следи и ја подржува неговата реализација.
Во рамките на посетата се разговараше и за поддршка на реновирањето на зградата на гимназијата “Св. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ во Охрид и враќањето на стариот сјај.