Четириесет и четиригодишен маж од с. Манастирско Доленци, бил пронајден мртов покрај магистралниот пат Кичево - Охрид, во близина на с. Другово - соопштува МВР.
Случајот во полиција го пријавил граѓанин кој забележал неподвижно тело во снегот покрај коловозот. Увид на лице место извршиле истражните органи и лекарска екипа, при што кај починатото лице било забележано видливо оштетување на левата ногавица, во делот на потколеницата. Утврден е идентитетот на лицето и се работи за Трајче С. од с.Манастирско Доленци, Општина Другово. По наредба на истражен судија над телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.