Нина Кепеска позната како голем борец, кој повторно се избори.
Новинарската кариера ја започна во Радио Охрид за подоцна успешно да ја продолжи во А1 и Радио Слободна Европа. По згаснувањето на А1 таа и натаму беше и е активна во медиумите. Во активностите на годинашниот кум на Богојавление - Водици познатиот македонски бизнисмен Ванчо Чифлиганец , колешката Кепеска се промовира и како PR менаџер на „Адора Инженеринг “. Ние од „Охрид Магазин “ и посакуваме успешна професионална кариера и Ви предлагаме да го слушнете аудио интервјуотo со Нина Кепеска направено кон крајот на дeкемеври кога таа се најде на странците на нашата ревија меѓу 11 личности од Охрид за 2011 . Таа искрено одговара на неколку прашања сврзани со нејзината кариера, живот и секојдневието.