Вторник, 31 Јануари 2012 20:52
ЛИЦЕ ОД НАСЛОВНАТА: ЕЛЕНА ВЕЛЕВСКА
Објавено во ноември 2011

И КОГА ЌЕ ТЕ ЗАСАКААТ, ОХРИЃАНИ НЕ ПРИЗНАВААТ ...
Пее фолк и ја сметаат за една од најсексапилните на македонската естрада . Недопирлива,во душта емотивец. Натурализираната oхриѓанка ја научила тактиката како да ни се приближи. Оди по својот пат, не сака трач – муабети. За неа тоа е трошење време. Заработува и често троши повеќе отколку што во мигот има. Нејзин свет се три и пол годишната Софија и две и пол годишниот Марко. Тие и мажот
Релацијата Прилеп – Охрид . Како е да се биде охриѓанец ? Се навикнавате ?
Е.Велевска: Навикната сум да живеам настрана. По Прилеп седум години живеев во Струмица и еве пет години во Охрид . Прилеп некако ми беше централно место. Каде и да тргнев некако беше се поблиску. Охрид е малку подалечна дестинација, сепак се снаоѓам.
Охриѓани се постудени, а Струмичани се гостопримливи, поедноставни. Така е или ...
Е. Велевска: Охриѓани се уште не се стоплиле, ама се обидувам да ги скротам полека. Не се брзам.Мислам дека им ја научив тактиката. Велат дека е многу тешко во Охрид да те засакаат и ако те засакаат не ти го признаваат тоа . Работам на случајот и мислам дека успевам во тоа.
Се работи за некоја тајна тактика ?
Е. Велевска: Моментално тактиката ја спроведувам само кон сопругот. ( ха, ха , ха ) . Кај него успевам. Подоцна ќе ја модифицирам тактиката кон останатите во градов. Струмица има поинаков концепт на живот. Многу повеќе се свртени кон музиката. Во одредени размери во Охрид тоа страшно ме иритира, бидејќи овде си ја сакаат само традиционалната староградска музика. И не се обидуваат да попримат или попуштат. Така за настапи во Охрид не очекувам многу. Би сакала Охриѓани да се отворат и кон другите видови музика.
Секогаш елегантна, провокативна , на сцена и приватно.
Е.Велевска : Убаво е што работата ми е со патувања турнеи, со дружење, инаку ако се придржувам на охридската тактика мислам дека не вреди да се чуствуваш како фан ниту да се дотеруваш во границите на една ѕвезда. Но, одам според мојата замисла за развој на кариерата и тоа ме држи во тренд.
Верувате во искрено пријателство ?
Е.Велевска: Се бројат на прсти,ама најдов другарки на кои што можам да се потпрам тука во Охрид. И сигурно е дека сите охриѓани не се толку лоши, како што ги бие глас Тие се повеќе самобендисани или можеби себични. Сепак имам и позитивни искуства и мило ми што стекнав такви другарства во Охрид.
Кога копнеевте за оваа популарност и сега, како гледате на Вашата професија?
Е.Велевска: Музиката од секогаш ми била она што го носам во душата. Од мала стоев пред радио , подоцна и на сцена. Од осум години започнав со детски песни. Во осмо одделение со песна на Благица Павловска победив на ниво на Прилеп и пеев на некогашниот аматерски фестивал во Пробиштип. Таму се натпреваруваше и мојата колешка Јасминка Мукаетова. Почувствував дека ќе успеам и еве се до денеска чекорам многу стабилно на естрадава. Сфатив дека ова е вистинското кое што умеам да го работам.
Настрана Вашите песни. Што сакате да слушнете во кафеана. Што си потпевнувате за душа?
Е.Велевска: Староградските ги сакам многу . И затоа направи ЦД со избор од нив. Тоа беше еден од моите најуспешни проекти. Од моите , една од најдрагите ми е „Воздух “ . Во последно време „Бел лебед “, „Жена огнена “, „Висок притисок “ има многу.
Ви пее ли сопругот на увце или вие нему?
Е.Велевска : Ако оставам маж ми да пее ќе ми го расипа слухот ( ха, ха, ха ) па така јас му потпевнувам . Сега полека ги акитивира дечињата во музиката, ама не успева. Го замолив да не ги учи зашто ќе почнат да фалшраат и да ми ги остави јас да ги учам пеење.
Мајчинството и турнеиите.
Е.Велевска : Чувствувам празнина во поглед на моите две рожби. Подолго од три до четири недели не правам турнеи , а тоа се издржува. Работам за викенд , а останите денови сум исклучиво со нив.
Ја отворивте продукцијата EВ како се пробивате?
Е.Велевска : Вистинскиот пат не се знае никогаш. Но со продукцијата си ја олеснав својата работа. Без два или три спота годишно не останував . Моите спотови оние кои што ги гледаат, знаат се доста скапи. Со пониски цени а врвен квалитет добиваат и колегите.
На сцената елегантна, горда , впечатлива.
Е.Велевска: Многу голем емотивец . Еве искрено да кажам тие што не ме познаваат имаат многу погрешен впечаток за мене . Сигурно им изгледам препотентно, помалку арогантно. Сепак кога човек ќе ме запознае никогаш не го очекува она што сум. Мене професијата ми налага одмереност со публиката, а во себе сум спротивното.
Што ви пречи на естрадата?
Ништо. Си имам свој пат и цел. Трач работите само би ми го трошеле скапоценото време и не се мој фах .
А кога колешките ќе речат дека се подобри од вас?!
Е. Велевска: Можеби така си се доживуваат. Секој колку што се цени толку ќе го ценат. Се трудам да не наседнам на провокација. Има исклучоци .
Го имавте ли најголемиот хит или допрва треба да дојде?
Е.Велеска : Песната „Висок притисок “ досега одгледана над триста илјади пати на You tube .Неа најмалку пет пати на вечер ми ја бара публиката. „Ред бул, секси бул “ , „Те шизнав “...
Највисокиот хонорар – тајна !
Е.Велеска : Се случува во една обична вечер да земам до две илјади евра.Поинаку и повеќе е за Нова година и за турнеи.
А колку трошите?
Е.Велевска: Трошам повеќе одколку што заработувам. Не е важно колку ќе заштедиш, туку колку ќе потрошиш.
Ги сакате брендираните „крпчиња“?
Е. Велевска : Се брендирано, гардероба, козметика и многу фрлам пари на тоа. Орманите крцкаат. Кога ќе се смени стилот или сезоната многу работи ги подарувам на мои најблиски . Тоа обично го правам на година или две. Одбирам и го подарувам.
Што ве води напред во животот?
Е.Велевска : Додека немав деца бев многу брза во донесувањето одлуки . Сега со нив и семејството воопшто како да сум како во некое мирно пристаниште . Имам вообичаено темпо. Размислувам,па прифакам. Го барам ефектот од секој потег.
За вашата професија кружат разни гласини. Сега сте во брак. Ви пречеа озборувањата дека наводно тогаш можел да ве има секој?
Е.Велевска: Можеби секој си има визија дека може да биде со Елена. Тоа можеби е во неговата бујна фантазија.Уште како дете идоли ми биле Благица Павловска или Лидија Спасовска. Сум гледала со почит кон нив. Машките можат да си фантазираат што сакаат. Една е вистината. Ако го почитуваш човекот по тоа што го работи, тогаш не се стигнува лесно до било кој!
М. Јованоски
Tags: