fbfunbanner
ohridmagazinbaner
Посети:: 1486

Драган Цветаноски во Охрид Магазин за своето хоби

Објавено во печатеното издание на Охрид Магазин во ноември 2011

НЕШТО ШТО НЕ СТЕ ЗНАЕЛЕ

„Моето хоби “

Драган Цветаноски – секретар на Регионалната синдикална канцеларија во Охрид, дипломиран правник. Човек кој цели 15 години се бори за работничките права. Сите го знаат како Драган од Синдикат,а ретки се тие кои  знаат дека е роден 1962 во Козица кај Кичево. Уште поретки се луѓето кои знаат – дека хоби му е правењето макети на цркви од кибритчиња и шишарки. „Охрид магазин“ прв ја открива неговата страст кон благородното хоби.

 maketar1

„Покрај моите секојдневни активности кои ги имам во  Регионалната синдикална канцеларија во Охрид, како  дел од ССМ во слободното време решив да се занимавам со едно хоби – изработка на цркви , макети, потоа ги обликувам со кибритчиња или со парчиња тенко дрво, а покривите ги правам од борови шишарки. На сето ова додавам камчиња собирани по преубавиот езерски брег“, вели Драган .

Корените на неговото хоби датираат од неговото детство. Кога се преселил да живее во Охрид, шетајќи низ чаршијата, особено во лето забележал дека во Охрид се продава се и сешто. И тогаш му  светнала  идејата дека нема макети од преубавите охридски цркви изработени од кибритчиња и шишарки. „Таа мисла ме натера да се занимавам со нивна изработка со обид тие да станат препознатлив сувенир.Претежно работам од хоби не се занимавам со бизнис . Но ако некој сака да купи и да му изработам , тука сум. Верувам дека тоа ме исполнува духовно и ми дава сила за следниот работен ден “, со широка насмевка ни вели Драган.

„Започнав пред 10 години,а инспирација за првата макета беше Свети Јован Богослов – Канео. Сам сум архитект, конструктор и изведувач  ( ха, ха , ха ) на почетокот навистина ми беше тешко. Подоцна со секојдневното работење стекнав одредена рутина,“ признава Цветаноски .

maketi4

Разговорот со Драган тече спонтано, каков што е самиот тој- непосреден.

„Не би можел да кажам точно колку сум изработил, а имам многу. Претежно од Канео , Света Софија , Свети Наум . Богородица Перивлепта, го имам изработено Свети Илија во Лескоец и манастирот во Кичево. Тие ми се клучни и омилени цркви, пред со нивната значајност која ги надминува границите на Македонија и Балканот. Сметав дека со изработката им давам уште поголемо значење. Се обидувам макетите да ја зачуваат автентичноста и постојното и да бидат идентични на оригиналното.“

На пример: Колку време ви треба за да ја изработите црквата Свети Јован – Канео?

„Зависи од големината . Најмалку за 20 дена, а поголемите цркви ги работам  и подолго од еден месец. Работата оди бавно. Кибритчињата се лепат едно по едно, се шмирглаат, се горат и лакираат. Има доста работа , па дури да се среди и екстериерот. Тоа е макотрпна работа. Нормално работам  само попладне, откако синдикалните активности ќе стивнат.“

Да се биде во синдикалните води во овие кризни години потребни се отповеќе нерви, енергија и смиреност. Дали хобито ве прави поумерен во работата ?

„Точна ви е констатацијата. Во право сте. Многу мои другари и пријатели се изненадени од мојата цврста определеност за изработка на макетите.Бидејќи за ова хоби се потребни нерви,смиреност и време. Им велам јас сум синдикалец и работата сум ја сврзал со хобито. Можеби за тоа издржувам.“

Ја знаете ли „ судбината “ на макетите, каде завршуваат тие?

„Обично да. На пример пред околу четири години направив три макети од црквата Свети Наум во Тринген – Швајцарија , кога се поставуваше нејзиниот камен темелник. Сега таа е изградена. Има и ред други мои макети кои без мене тргнаа по светот.“

Рачно изработените цркви кои во основа го имаат дрвото се погодни  за сувенир и подарување . Драган не открива колку би била цената на една макета. Има две ќерки. Габриела оди по неговите стапки во правото,а помалата осмооделенката Сара е таа која што се интересира повеќе за неговото хоби. Плус е добар атлетичар со неколки освоени златни и сребрени  медали.

 maketi2

М. Јованоски

Tags:

Реклама

ohrid1-maturski-maj-2012
ljotebaner
premier
digitalfotovesna
banerviasacra
banerpandonos
vinoteka
akvariusbaner
pecatnica-kosta
alta-centar
banerohridinfo
banerstanovi
streedmedia
fitform
________________________________
       
         ШОТОКАН КАРАТЕ КЛУБ
           БЕЗБЕДНОСТ МИНТА
       УПИС НА НОВИ ЧЛЕНОВИ
              ТЕЛ: 075 211 953
________________________________