Четврток, 16 Февруари 2012 13:21

Жителите од селото Јабланица денеска го пронајдоа замрзнатото тело на старицата Евдокија Кленкоска. Откако извесен период тие не ја виделе старицата во селото, побарале дозвола од полицијата за да влезат во нејзината куќа, по што ја пронашле мртва.
Засега не се знае кога починала и што било причина за нејзината смрт.
И во селото Нерези, мештаните се бореле да спасат нивна соселанка, но не успеале. Тие се обиделе да ја однесат болната жена на импровизирани носилки од скала до амбулантата, притоа пробивајќи го патот со лопати, но за жал не успеале во тоа.
Жителите од струшките села Јабланица, Нерези, Луково, Модрич Пискупштина деновиве се отсечени од цивилизацијата поради снежните наноси. Во дел од нив, Координативното тело врши дотур на храна и други намирници.
Со невремето се справува и локалното население, кое им помага на луѓето што живеат во погорните делови од селата.
Супер радио www.Ohridpress.com