Ракомет: Македонија ја победи Србија, ќе се бориме за 5 или 6 место
Среда, 25 Јануари 2012 21:44
Македонија е на чекор до обезбедување на пласман до квалификациите за Олимпијадата во Лондон, доколку вечерва со почеток од 20:15 часот ја совладаме селекцијата на Србија.
По двата одиграни денешни натпревари од групата Еден, едно е сосема јасно. Македонија ги загуби и теоретските шанси за пласман во полуфиналето.Иако Полска ја победи – Германија со еден гол разлика, сепак не беше исполнет и вториот услов Македонија со евентуална победа над Србија да се најде во полуфиналето.
Швеѓаните им пружија слаб отпор на расположените Данци и претрпеа убедлив пораз од седум погодоци разлика, 31:24.Со победа вечерва над Србија, Македонија во петок ќе се бори за петото место на шампионатот, против селекцијата на Словенија или Унгарија.
Моментално во групата „Два“ на третото место е Словенија која загуби од Шпанија со 35:32, но доколку вечерва Унгарците ја победат Хрватска тие ќе дојдат до третото место и во петок ќе играат против нас за петото место на ЕШ. (под услов секако Македонија вечерва да ја победи Србија).
Со пласманот на Данска во полуфиналето, која било од четирите репрезентации во полуфиналето (Србија, Хрватска, Шпанија и Данска) да го освои шампионатот ќе ослободи уште едно место за квалификациите за Олимпијадата, што значи дека дури и со пораз во петок Македонија ќе се најде во квалификациите.
На Македонија и преостанува вечерва да го добие мечот против Србија и да си го отвори патот кон квалификациите за Олимијадата.
Извор: Курир.мк