Недела, 05 Февруари 2012 11:04
Струга и денес се соочува со проблеми во одвивањето на сообраќајот бидејќи улиците се преполни со вода која се слева од сите страни заради наглото топење на снегот кое настана од како температурите се подигнаа над нулата.
Претходно во градот наврнаа над 30 цм снег, а Комуналното претпријатие непрекинато го чисти снегот и остатоците од снег, но очигледно е дека за водата која се слева по улиците градот Струга нема адекватен одводен сиситем кој би имал капацитет да ја апсорбира оваа количина на вода која дојде со топењето на снегот.
ГРАЃАНИТЕ ГО ФРЛААТ СНЕГОТ НА КОЛОЗВОЗИТЕ
Граѓаните на Охрид и Струга кои го чистат снегот во своите дворови и пред куќите истиот упорно го флраат на коловозите од улиците. Нашиот портал објави серија фотографии од граѓани кои снегот од тротоарите со лопати го туркаат на коловозите и со тоа повторно ги затрупуваат улиците со снег и поркај тоа што комуналните претпријатие веќе поминале на улицата.
Охриѓани снегот го фрлаат на коловозите Петок, 03 Февруари 2012 13:35
Околу 1000 доброволци чистат снег во Белград Недела, 05 Февруари 2012 11:28
За разлика од кај нас, во Сараево и Белград граѓаните дброволно се пријаввуале да го чистат снегот . Во Белград медиумите утрово јавуваат за околу 1000 доброволци кои се пријавиле да чистат снег по градските улици.





