Петок, 27 Јануари 2012 15:00

Неколку илјади граѓани од муслиманска вероисповед денес во центарот на Струга протестираа затоа што биле навредени од дел од маските кои дефилираа на овогодинешниот карневал во Вевчани, каде покрај останатото дефилираа и ''оџи''.
Протестантите продефилираа и низ чаршијата, каде скандирале ''Алах, Алах''
Организатор на протестот е Муфтиството од Струга од каде појаснуваат дека на овој начин ќе го искажат својот револт против исмејувањето на нивната вера и убедувања. Лути се за тоа што на карневалот продефилираа мажи облечени во традиционална муслиманска облека - бурка. Потсмев имало и за начинот на нивното молење кон Алах.
На просутните им се обрати и градоначалникот на Струга кој рече дека муслиманите од оовј град од секогаш биле за соживот и толеранција, и пораќа дека скапо ќе го чини секој оној кој ќе посегне по соживотот и ќе се исмејува со светата вера.
Ферат Полиси од Исламската верска заедница побара оставка од градоначалникот на Вевчани,а од Здружението „Икре“ од Лабиништа. Потпретседателот Абдураман Шерифоски побара јавно извинување и кривична одговорност од учесниците.
Побарано беше и Министерството за култура да не финансира повеќе вакви проекти.
Годинешното издание на Вевчанскиот карневал прво ги налути Грците со погребот на Грција и палењето на маската со нивното знаме, а сега и Муфтиството.




Фото Супер Радио www.OhridPress.com