Понеделник, 13 Февруари 2012 23:33
Македонија денес започнала да испорачува електрична енергија за потребите на Србија.
Како што јавува српската агенција Танјуг, а пренесува телевизијата Б 92 Србија успеала на 13 февруари да почне да увезува струја од Македонија.
Оваа вест која по се изгледа е точна отвора други прашања кај нас во Македонија, а тоа е зошто нашата Влада објави дека имаме недостаток на електрична енергија и опасност од колапс на електроенергетскиот систем и повика на максимално штедење на струјата, а дел од градовите во земјава вечерва го редуцираа и уличното освелтување, а истовремено земјава започнала со извоз на струја во Србија.
Веста за нашата извезена струја во Србија можете да ја прочитате со клик Т У К А
