Петок, 03 Февруари 2012 14:20
Ј.П. Комунално Струга интензивно работи на расчистување на снегот кој непрекинато паѓаше два дена и го прекри градот. Градот е под дебела снежна покривка но е функционален и прооден.
Интензивно се чистат улици и тротоарите, а за разлика од Охрид, во Струга наврна трипати повеќе снег, па и чистењето е потешко, но и пејсажите во градот се далеку по бајковити од Охрид, па исчистените тротоари посетуваат на мали канали низ кои врват пешаците.
- Во Струга од минатата година делот за чистење од снегот кој е под надлежност на Јавното Комунално претпријатие односно чаршијата, кејовите и тротоарите до болницата, школите, пазарот и општината се чистат со специјални машини кој се набавени со доаѓањето на новиот раководен кадар. Овие мали и релативно ефтини машини заменуваат 3 до 5 луѓе и брзината на чистење со нив е неколку десетици пати поголема - велат од Комунално Струга.








