
Летра и Петрески не се сретнаа во Прага
Сите шпекулации кои кружеа низ политичките кулоари како и по чаршијата дека градоначалникот на Охрид отишол во Прага за да присуствува на изложбата на Зоран Летра се покажаа како шпекулации , а градоначалникот Петрески и покрај тоа што е во неколкудневна посета на Прага заедно со градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, не присуствувале и на изложбата на Зоран Летра која во медиумите беше најавена како голем настан во Прага на кој ќе се промовира Охрид.
Нај загрижени од тајминзите на престојот во Прага на Петрески, кој се поклопи со изложбата на Летра беа ‘' старите‘' вмровци кои од како падна од небо во ВМРО ДПМНЕ , Зоран Летра го гледаат како Тројански коњ кој Петрески го подметнал во ВМРО ДПМНЕ за во стилот на тајниот агент Џејмс Бонд да дејствува од внатре и да го урива рејтингот на партијата и да ги иритира долгогодишните членови.

Дали се работи за таен план да се инфилтрира некој во ВМРО ДПМНЕ или навистина Летра е задоен со вмровската идеологија и доктрина ? ! Летра и Петрески фотографирани во златните времиња на нивното децениско пријателство кое многумина не веруваат дека прекинало.
Оваа констатација дека Летра е вметнат во ВМРО ДПМНЕ од Петрески и СДСМ во реалноста само изгледа веројатна, а таков заклучок се извлекува како од фактот дека многу агенти се сега во оваа партија, така и од реакциите на партиските членови кои и на самото спомнување на името на Зоран Вељаноски Летра им се крева косата од главата и не бираат зборови да го напаѓаат и со гнушење да коментираат дека тој од вмровската идеја и идеологија нема абер и е само уште еден залутан човек во нивната партија кој таму влегол од кариеристички побуди и финансиски апетити кои ги реализира преку соработката со Јордан Плевнеш и УНЕСКО, а кога интересот ќе го снема одма ќе си замине како и многу други пред него.
И сега сите гневни вмровци можат да здивнат бидејќи Летра не го поканил градоначалникот на Охрид на својата изложба во Прага. За разлика од изложбите во Токио и Њу Јорк каде Петрески од позиција на градоначалник ги финансирал тие изложби и не само нив туку и патувањата таму , на изложбата во Прага тој не беше поканет, а кој биле спонзори и што се се правело таму никој не знае бидејќи освен синот на Летра кој студира во Прага и Јордан Прлевнеш ( кој можеби бил на изложбата ) други луѓе од земјава не знаеме дека се појавиле, па кој бил, кој видел и кој објавил не е познато.
Но доколку Летра и Петрески не се сретнаа во Прага тие се сретнаа во кабинетот на Петрески пред да заминат таму. Во кабинетот се разговарало за тоа колку пари ќе даде Охрид за приватниот филмски фестивал на Летра и Плевнеш и секако дека Охрид и годинава ќе го спонзорира овој настан.
Но иако се сретнале Летра и Петрески во кабинетот тоа воопшто не смее да ги вознемири вмровците и да им ги подгрева сомнежите за Тројанската улога на Зоран Летра, бидеќи на оваа средба се случиле инциденти кога советникот Митре Вељаноски не бирал зборови со кои го квалификувал Летра како во кабинетот за време на средбата така и потоа по ходниците.
Советникот за го потсетил на Летра дека тој бил само фотограф, без високообразовна титула, а за методите со кои позициите ги стекнал користел зборови кои не се за јавно публикување.
Според тоа вмровците може мирно да спијат, нема таен дил скроен во кабинетот на Петрески да го подметне Летра во ВМРО ДПМНЕ како Тројаснки коњ со цел да се растури оваа партија.
Јас лично не верувам во ваков договор од две причини. Првата е фактот д
ека во ВМРО ДПМНЕ ОК Охрид нема што да се освојува. . .Во оваа партија ја немаат Елена Тројанска или некоја слична на неа па да се праќа Торјански коњ, а второ Зоран Летра ни од далеку не е некој тип како Џејмс Бонд па да се подметнува внатре за да ја растури партијата.
Или можеби е ? ! Па вмровците повторно ќе се на штрек . . .