Сајтот мометално е во тестирање и дополнување и можни се некои грешки..

Споменици

Деновиве целата јавност во Македонија е преокупирана со проектот Скопје 2014.

Едни ( предводени од СДСМ и сателитските титоистички партиички) се трескаат од земја против проектот, а власта гордо парадира со ренесансата која треба да го зафати сивото и ден денешен пост комунистичко Скопје.

Сето ова некако ме потсети на времето пред  Охрид  да го постави споменикот на Св. Климент Охридски на плоштадот. Тогаш  сите ние новинарите меѓу кои и јас, трештевме на сите страни со експертски критики. Го демонизиравме градоначалникот кој ја истурка целата идеја, го сатанизиравме Томе Серафимоски за тоа колку пари ќе земел за да го ваја споменикот , а богами не го поштедивме ни бизнисменот  Зеленикоски кој  ги донира парите, од каде му биле и што сакал да постигне со тоа што на Охрид му падри скулптура вредна 300 000 евра.

DSCF7056.JPG

Се уште се сеќавам како ние кои тогаш работевме во Амак Прес Охридски Новини ( кога весникот беше во своите златни години од постоењето и имаше влијание во градот)  стигнавме дури и да организиравме  трибина за тоа каде треба да се постави споменикот на патронот на Охрид.

Кога ќе се присетам на тоа дека 10 дена ја подготвувавме таа трибина, ми се смее колку будали сме биле, да организираме трибина на која експертските мислења беа да се постави споменикот над  училиштето Св Сава или во Самуиловата тврдина, а некој паметни отидоа дури и до таму што предложија споменикот да се постави во Горна Белица, за да бидел на повисоко.

Со еден збор, тогаш организиравме голема глупост, на која сите се глупираа , а најмногу ние организаторите , освен актуелниот градоначалник  Александар Петрески кој како што покажа времето бил сосема во право, како прво што го прифати споменикот како подарок и второ што истрајно опсти на тоа споменикот да е на плоштадот. Времето не демантира сите, и сите тоа го свативме кога гледаме колку  илјадници туристи се фотографираат пред споменикот на плоштадот.

Го паметам и насловот во дневниот весник  Дневник ( каде јас бев дописник ) излезе со наслов ‘' Свети Климет помеѓу скарата и кејот ‘' , а поскромни не беа ни другите наслови по весниците и телевизиите.

Денес се изнагледавме експерти кои критикуваат градење споменици и згради и политичари кои незнаат што да кажат повеќе против иницијативата за целосно предизајнирање на Скопје.

И повторно се демонизира целата инвестиција, се лицитираат цифри за тоа колку пари ќе се потрошеле за спомениците , зградите и мостовите.

Пред некој ден бев во Скопје и како и секогаш не ми се одеше. Никогаш до сега не ми се одело во овој град бидејќи искрено таму нема што да видам. Од секогаш ми беше жал зошто нашиот главен град нема дух, нема шмек и нема симболи. Освен камениот мост нема друго што да видам. Сивило, тажно, бездушно. . .

Јас не сум архитект, но како и да е, сакам да се гради нешто, да се направи Скопје повторно да биде симбол, главен град во кој ќе има што да се види.

А архитектите и уметниците секогаш ќе критикуваат нешто, долку тие не го вајале или цртале. Впрочем такви сме и ние новинарите, секогаш критикуваме туѓи текстови.

А најдобри докази дека архитектите честоапти критикуваат , а потоа времето ги демантира е Ајфеловата кула. Таа кога се изградила, цела европска архитектонска јавност се згрозила. Сите знаеме дека Ајфеловата кула била прогласена за ругло, грдосија, срам за Париз, па дури се дошло до таму што се планриало таа да се урне за да не го грди Париз.

Денес може ли Париз да го замислат Французите и целиот свет без оваа челична конструкција на неговата панорама  и без милионите евра кои оваа градба ги носи како чист профит привлекувајќи милиони туристи од целиот свет?

А што се однесува до трошењето пари. . .Емпајер Стејт Билдинг е изградена во триесеттите години на минатиот век, токму во времето на најголемата криза во Америка. Тогаш економистите кои биле живи во тоа време критикувале за што се трошат пари од автомобилската индустрија. . .Денес сите анализи кажуваат дека тоа е најпрофитабилна инвестиција во недвижност на Џенерал Моторс. Секојдневно илјадници туристи чекаат во колони да платат влезница и да се качат на зградата.

Крајно време е дневната политика , професионалната завист и нашата глупсот која ни е во генот да пробаме да ги оставиме на страна и да посакаме да живееме во едно ново време во кое неминовно се најдовме и ние во Охрид и тие во Скопје.

Без разлика дали некои од  пратениците вмровци од Охрид ќе прават блокади на градбата во Бејбунар и барајќи го пердувот од  Александар Македонски ќе го оштетуваат Охрид  за милионски суми, или пратениците сдсмовци во собранието ќе бараат итна седница да ја спречат градбата во Скопје и повторно ќе заглавуваат корисни стопаснки активности.

Нека се надраснат политичарите, архитектите, вајарите и секако новинарите и нека зачекорат еднаш во новото време. . .Деведесеттите години завршија пред  10 години. . .Сакале или не, новото време дојде и нема назад.

Љупчо Таневски


+ 0
+ 0

Реклама

banerpandonos
banerohridinfo
plaza-potpes
baner2sstudio
akvariusbaner
banerhit
pecatnica-kosta
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
banerdon
maktrisbaner