Посети:: 2564

Шчо напрајвме ? !

DSCF3578-web

 

ШЧО НАПРАЈВМЕ

Охрид  ја привршува нај слабата туристичка сезона која ја имал во последниве 20 години. Градот стои празен, освен деца и млади авантуристи друга категорија туристи и скоро и да нема, а како тргнало најверојатно нема ни да ја има.


Последниве 7 години јас лично го фотографирам мојот мил Охрид и морам да ви кажам дека само оваа година не направив фотографии со луѓе како спијат по парковите. Замислете тоа не го видов дури ни утрово на 1 Август , ден кога во другите години туристи ги имаат молено мајками и таткоми да стават шатор во дворот од нивната куќа за да преспијат бидејќи во Охрид не останал ни кревет слободен.

muzajdenaturizmot.jpg
Годинава многу лесно поминав на крстосницата помеѓу Туристичка и АСНОМ ( Онаа кај бензиската Билјанини извори каде што нема семафор ) иако тука други години јас лично сум викал полиција да дојде за да го регулира сообраќајот бидејќи колоните биле километарски, а годинава лесно се врви со кола и без семафор и без сообраќаец.
Прв пат годинава по чаршија на вечер се врви нормално. Не е чаршијата полна како да има митинг, па да ти требаат  10 минут да поминеш пешки преку плоштадот, а годинава ги нема и колоните со автомобили од плажите кон градот.


Значи годинава нема ништо што порано нас не нервирало, а сега наеднаш како да ни недостига. Во Охрид нема ама баш ништо изгледа, дури како да ги нема ни охриѓани, па по плажите и кафетериите келнери се млади деца од другите градови, па така нема да може да се слушнат охридски фрази од типот ‘' немат ренде‘'  и ‘'како мори кафето не е хот''.


И сега се подготвуваме да го отвориме епохалното прашање зошто тоа нас не снајде, годинава од туристи да не видиме никакво фајде, па сега партиите да почнат да праќаат соопштенија и едната да ја обвини Владата , а другата Локалната.


Па дали требало да се промовира Охрид вака, или така, па дали некој пошол некаде на саем, па дали дошол од саем, што таму однесол и бла бла бла бла бла . . . . .празни муабети кои ги слушаме цели 20 години колку што сме самостојна земја и практично покажувмае дека сме нај неспособен народ на планетата Земја.


И додека одговорните ќе започнат да тонат во полемика околу тоа кој е крив, а не што треба да се прави никој нема да го спомне приватниот сектор во Охрид, бидејќи туризмот како бизнис се одвива преку приватни фирми кои како што гледаме се водени од менаџери кои ја креираат политиката и цените.


А цените ? Па тие се како на море, а можеби и повеќе. Арно ама Охрид колку и да е убав со црквите и природата, не е на море туку е на езеро, грч ладно, а во езерото нема јод. Охрид нема аквапаркови за забава туку има само еден мал тобоган , кој спореден со она што го има во Грција и Албанија е ТОБОГАНЧЕ МАЛО.


Во Охрид нема забавен парк со ролокостери и слични справи за покачување на адреналин, туку има само една вртелешка, а до неа има луна паркче со автомобилчина и замислете дури неколку пикадо апарати за играње пикадо.


За да дојдеш до летувалиштата во Албанија и Грција ти треба само да ги поминеш македонските макадм патишта и после за 1 час си на Халкидики или си во Драч, бидејќи Грција и Албанија изградија инфраструктура, а до Охрид по какви патишта се стигнува сите ние знаеме.


И на крај, Охрид повеќе го нема Шенгенскиот ѕид. Ѕидот против кој толку се боревме, а кој нас во Охрид ни бил нешто како бедем, одбрамбен  ѕид кој домашните туристи ги држеше кај нас без разлика колку ние во Охрид цените ги држиме горе, а услугата долу.


А што има Охрид  ? Охрид има капетан во Капетанијата кој не влегол во кајче цел негов живот, ама му е брачед на пратеникот Цветко Грозданов и сите мислат дека затоа седи на таа функција и како брачед на пратеник стигна до таму да ја потони пловидбата на езерото и тоа среде сезона, а никој да не се запраша јавно што прави тој човек таму каде е поставен ? Никој да не ја праша партијата која го постави дали имаат поим дека Охрид без бродови е како Париз без Сена ?


Во Охрид има скутери, ама не смее да се користат после 11 часот, а во Грција и Албанија и Бугарија може да се возите колку сакате.


Охрид има газди на хотели кои сами си лепат ѕвезди на своите објекти, па после во Дубаи е поевтино од Охрид и самите Охриѓани одат во Дубаи за 40 евра , а во Инекс или Милениум истата услуга чини околу 100 евра на ноќ. Но што е Дубаи  за нас ејјјј, ние сме ОХРИД. Во Дубаи има кула Бурж Дубаи која е нај голм објект на планетата, ама затоа во Охрид има кула Охридска Банка. Е не е најголема , дури ни во Охрид, ама е Охридска.


Во Охрид можевте за 10 евра на ден да изнајмите соба во Видобишта а од прозорецот на собата  да ги гледате оранжериите од Градинар, а за тие пари во Грција, Албанија и Бугарија ќе гледате палми и море.


Во Охрид има плажи на кои лежалка е 200 денари, а во Драч на море е 70 денари и со тоа ти следува гратис кафе.
Во Охрид има плажи на кои девојките не носат ни танга, а за погоре да се слечат да не прајме муабет, па ако некој сака нудизам мора да оди на диви плажи и да пази да не го касне некоја змија, ама затоа во соседството имате и нудистички плажи па тие што сакаат да се капат голи повторно не доаѓаат во Охрид.


Во Охрид имате кафетерии и локали кои мора да затворат до 2 часот, а во соседството се работи 24 часа.
И за крај во Охрид имате аеродром на кој слетуваат 2 авиони на секои 7 дена бидејќи Владата не субвенционира летови до Охрид, а може да скрати на 1 споменик во Скопје и да го стори тоа.


И сега да се прашаме шчо напрајвме ? Нишчо ние не сме криви. Шенгенскиот ѕид е крив. Е сега кога него го нема, сите на аџилак па право на Ѕидот на плачот, да си посакаме желби две, а Господ да ни исполни една.


Или да ни даде Господ памет па и ние да се научиме како да го работиме туризмот во Охрид или да ни го врати Шенгенскиот ѕид.


Ама се ми се чини дека Охриѓани ќе се молат на севишниот за оваа втората.


Автор : Љупчо Таневски

 

Tags:

Реклама

ina-trade-lote
inexbaner
premier
banerviasacra
banerpandonos
banerdon
vinoteka
akvariusbaner
pecatnica-kosta
alta-centar
banerohridinfo
banerstanovi
streedmedia
fitform
________________________________
       
         ШОТОКАН КАРАТЕ КЛУБ
           БЕЗБЕДНОСТ МИНТА
       УПИС НА НОВИ ЧЛЕНОВИ
              ТЕЛ: 075 211 953
________________________________