Посети:: 1713

Проблемот е во пубертетот


komplleksasi1.jpgДве децении имаме независна држава и постојано се грчиме со проблемите кои не тиштат цели 20 години и постојано се прашуваме во што е нашиот проблем ? ! Каде тоа ние грешиме, па не можеме да застанеме на нозе, земјата ни е народски кажано туршија направена, а од просперитетот и добрата иднина нема ништо.
Две децении лутаме и бараме решенија, сакаме да имаме лидери кои ќе не поведат во подобра иднина, а постојано на сцена бираме луѓе кои се празни дуљиња без вода. Постојано преку партиите ни се нудат за функции луѓе кои се со сомнителна диплома но имаат голема желба да бидат нешто, да седнат на некоја функција ( од пратеници до директори ) , да станат некој и нешто, да бидат почитувани и доживеани како авторитети.
И се прашуваме 20 години зошто токму овие луѓе се туркаат на функции најпрво во партиите, па потоа и во државата, си местат награди со години наназад, се претставуваат како некој експерти, уметници, менаџери, политичари,советници . . .
Од каде кај нив доаѓа толкав порив па се спремни да направат нај различни мучки, да излижат толку многу задници, да клеветат други, да лажат и секако како круна да менуваат партии и ‘'политички убедувања ‘'.
И конечно после 20 години анализи мислам дека полека се наѕира одговорот на овие прашања, каде е изворот на таа силна енергија која е бескрајно голема да се дојде до партиски и државни функции по секоја цена , а одговорот лежи во пубертетот.
Ако се изанализираат повеќето фаци кои се туркаат по секоја цена да дојдат до столче преку кое ќе имаат авторитет ( па макар и само врз потчинетите )кај сите нив ќе се забележи заедничка нишка на лечење комплекси и фрустрации кои сигурно потекнуваат од пубертетот и младоста која истите нај веројатно не ја изживеале, на школо никој не ги есапел и секогаш ги кошкале, во средно не биле во тесниот круг на најубави и не се сексале, а на факултет не ги викале на журки. Тие фаци потсетуваат на комплексен комплекс од наталожени комплекси и фрустрации кои со години се таложеле во нивната душа и сега по средовечни години мора да се лечат.
Некои се лечат на функциите каде се сместени и таму изигруваат мали локални Сталинчиња, издаваат наредби, а никој не ги ферма. Други се лечат преку крајно сериозно однесување, онака на ниво што би се рекло, па од како ги седнале на ‘'столот'' не прават муабет со секој, т.е. бираат друштво кое им ‘'прилега ‘', трети седат во своите канцеларии на фирмите кои им пропаднале и издаваат наредби притоа наликувајќи на  Хитлер во бункерот пред Рустие да го заземат Берлин, а за оние кои сега влегле во партија или ја сменале партијата или пак ги избркале од партијата, тука е Фејсбук. Оваа алатка за безделничење за нив е најдобар ауспух за издувување на фрустрации и лечење комплекси.
На Фејсбук некој се будат и гледаат дека галиба ќе врнело, други ги дува стрмецот додека одмарале со лап топ логирани на Фејсбук, трети при првото отворање очи го гледале езерото како било убаво ( како да не можеле тоа утро барем еднаш да погледнат во брачниот партнер на пример), некои пишуваат силни филозофии и големи мисли од малиот мозок и делат лекции по морал и политичка етика, а сами се шетаат од партија во партија, а има и такви кои од минута во минута информираат каде се во моментот, дали се Скопје или Битола, а потоа сето тоа го зачинуваат со фотографии од тоа каде биле. Тоа колку да не помислиме дека лажат.


Овие комплексаши најдобро се опишани во  еден студентски виц.
Двајца средовечни другари шетаат покрај студентски дом. Едниот му вели на другиот :
-Леле брат, какво еб..е падна во овој домов на времето кога ние бевме студенти !
А другиот на тоа одговорил:
-Да беее брат ама нас не не викнаа ни еднаш . . . .


И за крај се извинувам на неколкуте функционери во Охрид ( од двете партии ) кои не спаѓаат во оваа категорија на комплексаши и исфрустрирани фаци ( и најверојатно ги имаат викнато во студенстиот дом, а и сами сега си викаат друштво за такви работи )

Колумните ''Резиме'' се авторско дело на Љупчо Таневски



Tags:

Реклама

ina-trade-lote
inexbaner
premier
banerviasacra
banerpandonos
banerdon
vinoteka
akvariusbaner
pecatnica-kosta
alta-centar
banerohridinfo
banerstanovi
streedmedia
fitform
________________________________
       
         ШОТОКАН КАРАТЕ КЛУБ
           БЕЗБЕДНОСТ МИНТА
       УПИС НА НОВИ ЧЛЕНОВИ
              ТЕЛ: 075 211 953
________________________________