Посети:: 3563

Колумна во спомен на Никола Манески

IM000957

 

Пишува : Љупчо Таневски

Помина една седмица од смртта на мојот прв уредник Никола Манески, а јас како човек кој последните години од неговиот професионален живот и почетните години од мојот професионален живот токму со него најмногу соработував  останав без текст за него.

А не можев да напишам текст затоа што се плашев да не бидам патетичен или недај боже да напишам текст кој кај куѓето би предизвикал чувство на жал. Ова од причина што Манески беше човек кој никогаш не сакаше луѓето да го сожалуваат, горд и во нај тешките моменти или накратко човек кој не бараше милост ничија и никого не молеше.

Исто така не можев да напишам ни збор за да не навлезам во фаза да го глорифицирам Манески по принципот  кој за нас Македонците е познат како ‘'за покојните се најдобро'',  а и сами знаеме дека сите во Охрид не го сакаа Манески и немаа за него ( како и за секој од нас ) нај високо мислење. . .Во некои моменти и јас немав убаво мислење за него, но таков е тeкот на животот. Еволуираме секојдневно и на крај кога ќе собериме и одземеме се ,се доаѓа до тоа дека ретко се сретнуваат луѓе со кои ќе поминеш низ сите фази од меѓучовечката комуникација.

im000957.jpg

Тимот кој го направи нај влијателниот весник во досегашната историја на Охрид. Од лево на десно : Никола Манески, Венко Шапкар, Сузана Вренцоска и мојата маленкост.

Но каков беше Манески всушност ?

За оние од градов кои го гледале само на телевизија или на улица и не имале привилегија во животот да поминат саати со Манески ‘' разглабајќи ‘' на која сакаат тема, можам да им кажам дека  Манески беше врвен интелектуалец, човек кој постојано се едуцираше, читаше, гледаше и собираше знаења , па така Манески можеше комотно да разговара со секој за се. Од праисторија, до  предвидувања за тоа како ќе се развива планетата технолошки и политички во наредните 100 години.

Манески беше човек кој знаеше што е ново во Холивуд, почнувајќи од продукцијата на филмови, па се до трачовите, и човек кој ја следеше светската естрада и шоу бизнис.

Некогаш кога размислувам за него ми се чини како тој да знаеше се. Од нуклеарна  физика до медицина, од економија до право, од поезија и проза до драма , од кафеана до театар, од Ѕвездеени патеки до Сексот и градот.

Манески  беше 60 годишен човек кој бликаше со младост од својата душа. Кога ќе го споредам со некои помлади луѓе од него тој за нив беше духовен младич. Тој точно знаеше што да каже за сите да ги насмее и кога ке критикуваше точно знаеше тоа да го каже со одбрани зборови за да оние кои ги критиувал точно сватат што треба да прават за да се подобрат.

Манески со својот смисол за хумор беше маестро да шегите. Никогаш не прекина да се шекува, зафркава и прави смешни ситуации дури и кога го преживеа мозочниот удар, не прекина да се шегува на своја сметка и да прави досетки за тоа што го преживеа.

Манески беше омилен кај новинарите , луѓето од медиумите, портпаролите во градот, кај бизнисмените, сликарите, уметниците, писателите, градоначалниците... Тие сите го почитуваа и сакаа да поминат време заедно со него.

Манески не го сакаше администрациајта. Па дајте ви се молам како може админситрација во Охрид  да го сака Манески кој беше професионалец каков ретко се гледа. Па затоа сите оние кои нишаат врата и земаат плата ( почнувајќи од државната фабрика каде работеше , па преку приватната фабирка каде исто така работеше и се до институцијата каде го затекна смртта ) не го сакаа Манески. Тие кутри канцелариски луѓе не можеа да го разберат, не знаеа греотичките да се смејат на неговите шеги бидејќи од зачауреност не можеа да ги разберат или протолкуваат, не можеа да го следат во работата бидејќи споредено со него беа аматери во секој поглед, а не можеа ни да разговараат со него и да влезат во подлабок муабет бидејќи немаа капацитет во мозочињата затоа што од канцеларијата потаму ништо не виделе со децении.

Е нив јас ги жалам. За греота кутричките дел од животите им се поклопиле со животот на Манески, а тие кутри само му се чуделе , не научиле ништо од него и не успеале да се дружат со него за да им се разубави денот . Тие кои имале прилика со него да се гледаат секој ден, а не навлегле подлабоко во она што ние го викаме Манески, навистина не се свесни што пропуштиле во животите или животчињата нивни и за жал гочлема нема ни да станат свесни.

И за крај, Манески беше човек кој ја сакаше песната и кафаната, а луѓе немтури, дудуци , џбутој и тумруци може само да не сакаат кафана.


Предновогодишна прослава во 2005 година. Манески од срце ја пее песната ''Има дана''

Драг мој пријателе Манески, ќе ми простиш но јас за крај на ова писание морам да ги напишам твоите омилени стихови од песната на која ако свирачите ти ја засфиреа и последните  пари од џебот ке им ги ставеше на виолината.

   

 

Tags:

Реклама

ina-trade-lote
inexbaner
premier
banerviasacra
banerpandonos
banerdon
vinoteka
akvariusbaner
pecatnica-kosta
alta-centar
banerohridinfo
banerstanovi
streedmedia
fitform
________________________________
       
         ШОТОКАН КАРАТЕ КЛУБ
           БЕЗБЕДНОСТ МИНТА
       УПИС НА НОВИ ЧЛЕНОВИ
              ТЕЛ: 075 211 953
________________________________