fbfunbanner
Посети:: 3460

Колумна: Свети крави и анатемисаниот медиум

megastarnaslovna

 

Во долгогодишната да речам вековна историја на ВМРО-то се правеле бројни списоци, од оние на кои се пишувале лица за отстрел, до списоци со пушки , бомби и пиштоли, па се до денешните списоци за вработување.

На списокот кој ЕКСКЛУЗИВНО го објави Мегастар , ( а не СДСМ како што сакаа некои медиуми да пренесат ) се лица од партијата ВМРО ДПМНЕ кои се запишани на овој список во 2007 година со цел да бидат вработени, или поконкретно згрижени на ‘’државни  јасли’’ затоа што се членови на партијата и за неа работат кога се избори.

И повторно некој од политиката се обиде да ја изврти целата работа и да ја префрли вината од гнилиот и партизиран државен систем  врз мене лично и на Мегастар и фрлаа анатеми врз мене и  мојот портал.

Наместо некој да се срами што правел списоци и што однарпед се планирало кој каде ќе биде вработен,  се премина на најбезобразна хајка против мене лично, па телефонот ми ѕвонеше цел викенд од разни типови кои наместо да се срамат што се на список со кој партијата ги вработува и притоа дискриминира цела плеада луѓе кои не се членови на партија, а се способни, тие дрски и безобразни бесрамници мене на телефон ми се закануваа дека им се нарушила приватноста и сега ќе ме даделе на суд.

По самата реакција се гледа дека партиите кај нас вработуваат  ‘’некабожни’’ луѓе кои покрај тоа што се подпросечно паметни се и смешни, па како личен податок го сметаат тоа што некој некаде објавил лист со име и презиме ,исто како нивното. Притоа таму нема ни адреса ни телефон ни матичен број од истите. Е затоа ваквите полупаметни луѓе просперираат во полудржава како нашава и тука виреат вгнездени на државниот буџет, а способните бегаат од земјата или сами си отвораат свои бизниси преку кои плаќаат даноци на државата за да им даде плата на оние неспособните партиски вработени . Сега им останува само да си најдат адвокати да им ги соберат парите.

Безобразлукот да биде поголем некој од овие партиски вработени типчиња отидоа до таму што дури и се заканија дека финансиски ќе ми ја уништеле фирмата. Занесени во своите финкции ( кои секако се привремени бидејќи на функции не дошле како способни луѓе од кариера , туку како партиски  трчкала ) сметаат дека моќта сега е во нивни раце па јас требало да се замислам.

Глупоста кулминира кога на прес конференција од партијата посочија дека некој платеници на СДСМ стоеле зад ова дело со списокот на партиските вработувања во ВМРО ДПМНЕ. Тука најверојатно сакале да ме посочат мене, а бидејќи мене списокот ми го дадоа ВМРОВЦИ ОД ОХРИД јас сега јавно ќе прашам, дали некој од ВМРО ДПМНЕ е платеник на СДСМ па за пари продава списоци од партијата со кои таа си правела попис на партиски активист за вработување?

Е сега колку да ги потсетам новите ВМРОВЦИ , ( тука мислам на помладите деца од партијата, но и на овие средовечните кои станаа нови вмровци, а пред тоа прошетаа по сите партии и кабинети на градоначалници, или како што ги нарекуваат последниве денови КВАЗИ ВМРОВЦИ ) дека тие ако се од вчера на политичката и јавна сцена јас сум само малку подолго.

Но и тоа малку подолго е доволно долго за да не може да го собере во меморијата на некој која е мала, па заборавиле како ВМРОВЦИТЕ ОД ОХРИД се крстеа во Мегастар и во Амак Прес ( кадешто јас бев Главен уредник во златните времиња на весникот) како медиуми каде најмногу имало критика за градоначалникот.

Дали некој кој сега се на јавната сцена и се најгласни противници на постоењето мое и на мојот медиум паметат колку пати Гоце Симоноски ( омилената тема на ВМРО ДПМНЕ ) излегол на насловна страна во мој авторски текстови ? И колку прес конференции одржале во партијата кај нив инспирирани од текстови кои јас сум ги пишувал ?

Сакам ево да го запрашам Атанаско Михаилов ( кој деновиве почнал да бара вмровците да не разговараат со мене за јавноста ) дали се сеќава на насловот ‘’ Градоначалникот, Поликсена и Милена’’, ''Петрески во Токио, Вревезоски на семинар, Симоноски никаде го нема, ЛЕР на улица'' или дали се сеќава на серијалот информации околу зградата на ТРИМ  ‘’Два ката легално четири на диво’’ , кои потоа предизвикаа стоприање на градбата на ТРИМ ? Тоа беа текстови кои го стресоа урбанизмот во Охрид, а на градоначалникот го болела главата од тие писанија. Ако не се сеќаваат тоа се мои текстови кои јас сум ги објавил, а информациите ми ги дале од партијата ВМРО ДПМНЕ. Да добро прочитавте, точно од партијата ВМРО ДПМНЕ -ОК Охрид. Но,тоа беа други времиња кога партијата ја раководеа луѓе со сенс  за односи со медиумите.

Господине Атанаско Михаилов, можете да ме игнорирате, да забранувате некој да комуницира со мене, да се обидувате да се пазарите со мене околу името на тој кој ми го дал списокот, да поскаувате крах на мојата фирма ( кој нема да го доживеете за време на вашиот живот ), да ме прогласувате за  ‘’ обоен ‘’ , но нема да ви стане јасно дека јас сум секогаш над Вас. Вие сте сега претседател на ОК и повеќе никогаш нема да бидете, а јас и ВМРО ДПМНЕ ќе бидеме и по Вас како што бевме и пред  Вас.

Мислам дека со мене почитуван Атанаско го имате истиот проблем како што го имате и со сите ВМРОВЦИ кои беа пред  Вас и вашето доаѓање на чело на ВМРО ДПМНЕ ОК - Охрид.

Не очекувајте почитуван Атанаско јас Вас да ве доживувам како ‘’света крава’’ па да не објавувам вистини и само вистини поврзани со ОК кој Вие го раководите и со Вас лично, бидејќи ниту Вие почитуван  Атанаско сте крава, а нити ова е Индија.

Јавно ве молам да ми посочите што е тоа не точно објавено од моја страна за Вас лично и партијата до сега ?

Воедно со сета почит кон Вас, Ви ја ставам на располагање целата моја приватна архива со весници да ја проучите и подобро да ја осознаете мојата кариера и што се јас сум објавил до сега.

САМО МИНИМАЛЕН ДЕЛ ОД ТЕКСТОВИ И НАСЛОВНИ СТРАНИЦИ ОБЈАВЕНИ ОД ЉУПЧО ТАНЕВСКИ КОИ ЗАДАЛЕ УДАРИ НА СДСМ И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ, А ВМРО ДПМНЕ ГИ КОРИСТЕШЕ ЗА НАПАДИ НА ЛОКАЛАНТА И ДРЖЕШЕ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ ПО НИВНОТО ОБЈАВУВАЊЕ

gpmgoce1

lergoce

cingo


Љупчо Таневски

Tags:

Реклама

ohrid1-maturski-maj-2012
ljotebaner
premier
digitalfotovesna
banerviasacra
banerpandonos
vinoteka
akvariusbaner
pecatnica-kosta
alta-centar
banerohridinfo
banerstanovi
streedmedia
fitform
________________________________
       
         ШОТОКАН КАРАТЕ КЛУБ
           БЕЗБЕДНОСТ МИНТА
       УПИС НА НОВИ ЧЛЕНОВИ
              ТЕЛ: 075 211 953
________________________________