fbfunbanner
Посети:: 16937

Колумна: Некултурните од културната манифестација

striptizetaДали '' господата '' од Охридско Лето се интересираат да гледаат танги, цицња и газиња, но сигурно чашителе кој канел стриптизети на родендени.

 

Деновиве сме сведоци како јавноста се пали и потпалува околу тоа што се не снашло со доделувањето на највисоките градски награди и таман кога помисливме дека политичарите во градот Охрид со своето ниво и начинот и темите на кои комуницираат секој ден се на дното, се појавија некултурните од Управниот одвор на најкултурната манифестација во земјава, фестивалот Охирдско Лето и ни покажаа дека тие во јавноста можат да го допрат дното на сите дна.

И повторно видовме до кое дереџе сме дојдени кога луѓето од бастионот на културата се сведоа на ниво на она што по селата се нарекува жени чешмарки, а во градовите малограѓани и оговарачи и тоа не на чешмата на сред село или на кафе муабет за правење ментална рекреација туку тоа го направија директно во јавноста, каде нивното ниво на изразување го објавија две радија, еден сајт и една интернет агенција која ги пласира во светот.

Во таа институција не сакаат да имаат работа со бакалџии и кафанџии бидејќи нели тоа се прости луѓе, а тие што се во УО на Охридско Лето се елита, многу културни и паметни луѓе кои имаат многу памет ама наместо да го кроситат паметот за културни работи тие со нивниот памет мислеле и размислувале кој сакал стритпизети и родендени.

Така од господата кои се во УО  слушнавме дека биле во тек со родендените кои се прават во Охрид и на кои има стриптизети кои им играат на оние кои можат да платат за таков роденден, и тоа од својот џеб со своите пари за сфој ќеф.

Ама видите тоа било интересно за луѓето од  Охридско Лето и тие не само тоа што го знаеле и разбрале од по мене по тебе, туку решија и да го споделат со јавноста, небаре се УО  на Свет и Скандал , а не на Охридско Лето.

Залетани во намерите да  се додворат на некој или можеби мислејќи дека така ќе се поинтересни тие кажаа дека не сакаат да се реди фестивалот во ист кош со таквите луѓе кои не се морални.

А каков е моралот на некој од тие во УО јас не знам. . .Дали тие сакаат да гледаат танги на стриптизети не ми е познато. . . Но стана јасно дека ги интересирало кој сака да гледа танги, газиња и цициња.

Сите ние имаме приватен живот. Сите имаме работи кои се прават надвор од јавноста во четири ѕида. Во своите приватни моменти можеме да правиме што сакаме, посебно ако си трошиме свои пари. Можеме ако сакаме да правиме оргии и гурпен секс, да се изживуваме и забавуваме на начини на кои сакаме. Но сепак да внимаваме да не не видат некој од УО на Охридско Лето бидејќи може да не кажат јавно, и да речат дека сме недостојни да одиме на фестивалот на уметноста  иако е општо познато дека во еротскиот живот најблудни се уметниците. Секако по нас новинарите.

И кој може нас да ни суди за тао што правиме во приватноста. Јас на пример ево ќе им се пофалам на господата од УО дека пред неколку години пијан камен имам правено стриптиз во еден ноќен клуб во Охрид. . . Но не носев танга туку боксерски па затоа веројатно господата од Охридско Лето не ме забележале.

И кога во оваа институција се луѓе кои се заниамваат со тоа кој што прави во приватниот живот што ни остана од градското во Охрид?

Охрид град е или ние само си замислуваме  град ? По се изгледа ќе е ова второто !

Автор Љ.Таневски

Tags:

Реклама

ohrid1-maturski-maj-2012
ljotebaner
premier
digitalfotovesna
banerviasacra
banerpandonos
vinoteka
akvariusbaner
pecatnica-kosta
alta-centar
banerohridinfo
banerstanovi
streedmedia
fitform
________________________________
       
         ШОТОКАН КАРАТЕ КЛУБ
           БЕЗБЕДНОСТ МИНТА
       УПИС НА НОВИ ЧЛЕНОВИ
              ТЕЛ: 075 211 953
________________________________