fbfunbanner
Посети:: 14165

КОЛУМНА – Крастајци криви

krastajca

 

Пишува Љупчо Таневски

Завршија и изборите на кои се судрија транзиционите политичари и политичарите кои растеле и се формирале во време на транзицијата и ако ги погледнеме методите, тактитиките и начинот на кој се убедуваа гласачите да го дадат гласот можеме да донесеме само еден заклучок, а тоа е дека таман кога помисливме дека се спасивме од старите тактики на старите политичари, дојдоа младите кои ги рефреширале старите методи и ги надградиле и прошириле па сега така реформриани ги применија во пракса. Таман кога помисливме дека завршуваме со транзиционите политичари  на сцена ни дојде нивниот подмладок кој како да излегол од центрифугата на толку демонизираниот Бранко Црвенкоски, па од надежта дека младите политичари ќе се поинакви од старите излезе само народната – КРАСТАЈЦИ КРИВИ затоа што младите политичари од  ВМРО ДПМНЕ ја сузбиваа ВМРО Народна со полиции и инепекции, ала методите на Бранко Црвенкоски и СДСМ во минатото  од комунизмот и комуњарите , кое толку сакаме да го закопаме, а сега ни се повампири во младината.

КРАСТАЈЦИ КРИВИ испаднаа и повиците на Премиерот Никола Груевски  да се земаат со неверување и да се проверуваат инфромациите кои ги објавувала А1. Овој негов повик му се удри од глава со тоа што токму А1 Телевизија објави дека е убиен Мартин Нешкоски кој пак бил член на ВМРО ДПМНЕ, а го убил полицаец. И така додека А1 јавуваше дека детето е убиено портпаролот на Полицијата Иво Котески се претвори во најголем лажго во земјава, а бидејќи А1 ја објави кобната вест веројатно Владата со потреба на резерва и доза на проверка 2 дена криеше дека детето е убиено од полицаец. Како и да е јавно предлагам Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ да и даде благодарница на А1 Телевизија бидејќи да не беше А1 која Премиерот толку сака да ја нема, младите Вмровци немаше да знаат дека полицаец  ѕверски убил нивни член, го фрлил во трева и се обидувал да го заташка случајот.

КРАСТАЈЦИ КРИВИ испаднаа и изјавите на оние кои тврдеа дека СДСМ се претоврил во јака опозиција кој е добро организирана и има програма за пред нардот. Нека се запрашаат оние кои ова го читаат што им остана во сеќавање од изборната понуда на СДСМ ? Освен на изјавата на Бранко Црвенкоски за ‘’ гревот ‘’ на кој тој не му ја легнал жената затоа што немал време да постигне со другите жени ништо дурго немаме запамтено од нивната понуда на изборите. СДСМ и на овие избори настапи со чудни листи, предводени од лица од Скопје на кои мора да им обезбеди столче и место во јавноста и толку е! СДСМ по настапите во изборите и тоа што се понуди повторно ни остава впечаток дека е партија која е во кома и единствено во живот ја одржуваат медиумите од Перо Наков и некои локални медиуми од земјава, а во Охрид  ја одржува во живот Александар Петрески и до составувањето на листите кислород и даваше Науме Јованоски. Што ќе биде со СДСМ и дали ќе се разбуди од комата или ќе чека други да го разбудат треба да видиме следниов периот. Секако доколку коминраниот СДСМ не направи и Влада. . . .

И на крај за крастајците. Се појави бактерија која дошла од крастајците. Годинивие наназад имавме вируси на грип од кокошки и свињи, па луди крави. . . . Па ешерихија коли од крастајците. . .И така секоја година фармацеутите калапеа тешка пара на онов на овие КРАСТАЈЦИ КРИВИ што ги продаваа во јавноста. . . Исто како КРИВИТЕ КРАСТАЈЦИ погоре што ги набројав !

П.С. Додека ја пишував колумната јавија дека на пазарот се појавиле радиоактивни печурки од Чернобил. . . После ова ќе се појават радиоактивни рибни конзерви од јапонските риболовци ?

Tags:

Реклама

ohrid1-maturski-maj-2012
ljotebaner
premier
digitalfotovesna
banerviasacra
banerpandonos
vinoteka
akvariusbaner
pecatnica-kosta
alta-centar
banerohridinfo
banerstanovi
streedmedia
fitform
________________________________
       
         ШОТОКАН КАРАТЕ КЛУБ
           БЕЗБЕДНОСТ МИНТА
       УПИС НА НОВИ ЧЛЕНОВИ
              ТЕЛ: 075 211 953
________________________________