Посети:: 1759

Јечам жела Косана девојка

Пишува:  Љупчо Таневски

Во нашата Македонија која долги децении гради имиџ на земја на чудата и земја во која ништо повеќе не може да не изненади повторно се случуваат работи кои се надвор од сите логики, сите ориентации, ( политички и националистички ) или на кратко ''надвор од сите вери''.

kosovka_devojka.jpg

Делото КОСОВКА ДЕВОЈКА на кое млада девојка му ја гаси жеддта на ранет Српски борец на Косово во Косовскиот бој е  едно од најпознатите дела на познатиот Српски сликар од минатиот век Урош Предиќ.

Во Српската уметнст поркај во сликарството Косовка девојка е опејана и во извонредната народна песна '' ЈЕЧАМ ЖЕЛА КОСОВКА ДЕВОЈКА ''  ( ЈАЧМЕН ЖНЕЕЛА КОСОВКА ДЕВОЈКА) која е една од најпознатите народни песни кај овој народ и пошироко.


Така и вмровките излегоа надвор од сите вери и доктрини вмровски на годинешната нивна конвенција, конференција или  концерт или што ли беше не знам . . .Па дојде денот во Македонија да видиме и вмровки со српски шајкачи и шумадиски опинци.

Освен што Косана Николиќ Мазнева се осврна на улогата на хетеросексуалните врски во општеството и кажа дека нема да се помири со посвојување деца во хомосексуални бракови ( а во Македонија сеуште нема такви бракови ) таа приреди и мала музичка парада со историска музичка содржина со што влезе во историјата на се што има префикс ВМРО низ нашата Македонска историја и направи едно чудо кое е толку чудно, што дури и не е чудо. Тоа е нешто како надчудо. Нешто поголемо од сите чуда и чудеса досега видени. Ма триста чуда не му се рамни на ова надчудо. Едноставно жените вмровки поставија нови стандарди за правење чуда, поточно од сега за нешто да биде чудо и чудно, треба во предвид да го има ова ново ниво на правење чуда кое сега е надчудо. Едноставно од сега панатаму чудата почнуваат од оваа вечер.  На оваа манифестација од сега се измисли надчудото кога видовме како на најдесната политичка опција во земјава се оплакуваат деветте Југовиќи и десеттиот Југ Богдан кои загинале бранејќи ја Србија на Косово рамно пред 700 годин.

Од како е ВМРО на светов и веков, неговите приврзаници, конекции и поле на дејствување биле во географска Македонија и во Софија. Оваа партија била Македонска и помалку со пробугарско влијание,  но Српство, Србија, Југославија , Белград, или Косово рамно никогаш не биле дел од нашето ИСТОРИСКО МАКЕДОНСКО ВМРО.

Уште помалку деветте Југовиќи и десеттиот Југ Богдан имале врска со ВМРО кое настанало 500 години од како тие славно загинале на Косово бранејќи ја Србија.

Пред да преминеме на моралот и семејството само ќе запрашам јавно вака, дали некгоаш во Србија некоја од партиите тамошни, независно дали се леви или десни или се од центарот на свои партиски церемонии ја спомнале барем нашата МАКЕДОНСКА историја ? ? ? Дали се слушнала наша песна на нивни партиски манифестации ? ? ?

Дали во Белград некогаш се оплакувале паднатите херои во песната Бојот започна на Мечкин Камен или со песната Крушево абер пристигна или со Бог да бије тираните или  со Миле Поп Јорданов, Дончо Штипјанчето, Лешочкиот манастир , Христо Узунов. . . . . .  Ние имаме список со херојски песни во кои се опејани повеќе Македонци кои умреле за оваа земја од ДЕВЕТТЕ ЈУГОВИЌИ и ДЕСЕТТИОТ ЈУГ БОГДАН.

И за крај само да предложам догодина Косовка . . . . .. .Пардон Косана Николиќ Мазнева може на репертоарот за ценермонијата да ја стави песната која ја препа Војо Стојаноски, а во која се опејува убиството на Кралот Александар Краѓорѓевиќ во Марсеј - Франција . . . Ама тоа било во минатите векови, кога во Македонија шетаа вмровци без ШАЈКАЧИ и ШУМАДИСКИ ОПИНЦИ.

КОЛКУ ДА ГИ ПОТСЕТИМЕ НЕКОИ ОД ДЕНЕШНИТЕ ВМРОВЦИ ШТО СЕ ПЕЕ ВО ПЕСНАТА

ЗА КРАЛОТ АЛАЕКСАНДАР

Ај големо чудо, чудо бре станало
на деветти октомври,
кралот ми тргнал, кралот Александар
за во града Марсеја,
по море да оди, побргу да стигне
сојуз да направи.

Ај што ми кинисал по море широко
со параходите.
Таму го пречекал министерот Барто
со генералите.
Сојуз ќе прават, сојуз душмански
против жална Македонија.

Таму во кафана тројца Mакедонци
тока ми правеја,
Тока правеја, коцка фрлаја
кој на кралот ќе пука?!
Тока правеја, коцка фрлаја
кој на кралот ќе пука?!

Ајде малерозна коцка ми падна
на Владо Црноземски,
малерозна коцка ми падна
на Владо Црноземски,
ајде малерозна коцка ми падна
на Владо Штипјанчето.

Тогаш ми Владо букет в раце зеде,
пиштол внатре му стави,
пиштол внатре стави, почна пат да прави
за до кралот да дојди,
и од букетот куршуми фрчат
- кралот мртов падна.

Слушај бре кралу, кралу Александар
еве ти ја Македонија!
Нека разбере цела Европа
дека постои Македонија!
Дека постои Македонија,
а не Јужна Србија! 

 



Tags:

Реклама

ina-trade-lote
inexbaner
premier
banerviasacra
banerpandonos
banerdon
vinoteka
akvariusbaner
pecatnica-kosta
alta-centar
banerohridinfo
banerstanovi
streedmedia
fitform
________________________________
       
         ШОТОКАН КАРАТЕ КЛУБ
           БЕЗБЕДНОСТ МИНТА
       УПИС НА НОВИ ЧЛЕНОВИ
              ТЕЛ: 075 211 953
________________________________