
Кога некој ќе реши да се претставува како влијателен медиум, а никој не знае дека постои или култен новинар, а повеќе е кутар новинар на кој 90 % од информациите кои ги праќа таму каде е дописник му се соопштенија од МВР, или кога сака да дели лекции кој биле вести кучешки, а кој биле професионални треба само да се сети на китовите кои пливале во езерото, да си ја наведне главата и да си ќути бидејќи е сосема јасно дека е нај паметен само кога спие.
Да се сетиме како ‘’големиот професионалец ‘’ на возраста на која е и годините поминати во медиуми ,објави спектакуларни вести за тоа како во езерото пливале китови и ламји, па потоа цела фела и цел град грмеше од смеење на објавената глупост на столетието по која ќе остане засекогаш запаметен кај еснафот бидејќи градот не го ни знае веќе, одамна го има заборавено.
А најглупаво е тврдењето дека на професионалните фоторепортиери кои ги имале, им барале на сликите да се гледало дека е Охрид? Кој тоа слики се објавиле на неговото сајтче ? Сите слики се сликани од кафаната каде седи по цел ден и ‘’јаките вести’’ се најчесто дека во Охрид се појавила жена што носела шешир на главата, или пак дека на пристаниште прелетале два галеби. Тоа е нивото и ексклузивата која после китовите може да го додржи во каков таков медиумски живот или попрецизно кажано медиумско хибернирање.
Тешко е кога некој многу сака да дава лекции,а нема на кого да ги дава затоа што сите се пред него заминати.
Фрустрациите се тешка мака на исфрустрираните и тие обично цел живот се обидуваат да ги излечат но не успеаваат, па така и косите ќе им побелат и пак ќе се тешко ископлексирани и исфрустриани, едноставно им нема помош.
Љубомората пак е втора рана на некого. Тешко е да се гледа дека си последен и забележан, а сакаш да си главен. Боли да си болно амбициозен, а да си никој и ништо. Да сакаш да си прв, а сајтот да ти е последен и да го отвораат едвај 200 луѓе во денот.
Боли да читаш ексклузивни вести на Ohrid1 и потоа да си принуден да ги објавиш во форма на соопштение од СВР, или да ги пренесеш како прес конференција на партиите кои исто како и Полицијата мора да реагираат на нашиот ексклузивитет и истиот без исклучок до сега да го потврдат.
Болна работа е и да бараш бомби во автомобилот и со тоа да се правиш важен пред помладите колеги во медиумот каде на кратко се агажираше како уреднилк, а тие да ти се смеат бидејќи кој би подметнал бомба во возило купено пред 30 години и сега вреди 300 евра.
А најболно е медиумот каде некој е допсиник да ги снима авторите на кучешките вести и да ги објавува, а не само кучешките вести туку и бројни дурги содржини, минимум 15 пати во последниве три години.
А ако некој има ниво ( или барем така си замислува за да му е полесно ) тогаш не треба да остане во медиум каде објавваат кучешки вести и треба да си даде отказ од таму за да го задржи нивото и на сите да им докаже дека се работело за задржување на нивото, а не за љубомора и болка одвнатре.
Како и да е, јас задоцнав со денешново писание 2 часа затоа што до сега седев поркај езеро и плачев потресен од текстот за кучешките вести.
Пишива: Љупчо Таневски